Sunday, 07 January 2018 18:36 Фудбал

Шпанија | Со потпишувањето на Кутињо, Барселона потрошила 561,25 милиони евра во изминатите три сезона, додека Реал Мадрид за истиот период потрошил 194,9 милиони евра...



Не само што го престигна Реал Мадрид во трошењето на пари, Барселона во изминатите три години даде речиси тројно повеќе од кралскиот клуб за нови засилувања. „АС“ направи пресметка на потрошеното и заработеното во изминатите три години на двата шпански гиганти.

Барселона го комплетира трансферот на Кутињо вреден 160 милиони евра, изминатото лето се засили со Дембеле за 145 милиони евра, за Паулињо плати 40, за Самедо 30,5, за Делофеу 12 и за Марлон 5. Мадрид во изминатото лето потроши само 26 милиони за Тео и 16,5 за Дани Себаљос.

Во изминатите три сезони Барселона потроши 561,25 милиони евра, покрај горенаведените играчи ги купи и Арда Туран (34), Алекс Видал (17), Андре Гомеш (35), Алкасер (30), Умити (25), Силесен (13) и Денис (3,25). Во истиот период Реал Мадрид потроши 194,9 милиони евра, ги купи Ковачиќ (30), Ваљехо (5), Асенсио (3,9), Луказ Вазкез (1), Кико Касиља (6), Данило (31,5), Мората (30), Винисиус (45) и Тео и Себаљос.

Што се однесува до продажбата на фудбалери во изминатите три години, Барселона заработиле повеќе од Реал Мадрид, но разликата не е многу голема. Каталонците инкасирале 366,5 милиони евра, Кралскиот клуб заработил 298,1 милион евра. Од Барса заминаа Нејмар (222), Тељо (4), Клаудио Браво (18), Бартра (8), Халиловиќ (5), Адриано (2,3), Тељо (0,5), Педро (27), Делофеу (6), Денис (4), Монтоја (1,3). Балансот на купување и продажба на фудбалери кај Барселона е -263,15 милиони евра.

Реал Мадрид инкасираше 195,15 милиони за Мората (80), Данило (30), Хамес (13), Мариано (8), Диего Љоренте (7), Бургу (3), Коентрао (1), Хесе (25), Черишев (7), Мајорал (3), Медран (1,5), Маскарел (1), Иљара (15) и Лукас Силва (0,65). Балансот на купување и продажба на фудбалери во Реал Мадрид е -0,25 милиони евра.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...