Monday, 08 January 2018 14:14 Фудбал

Англија | Експертот за шпански фудбал на Скај Спортс, Гиљем Балаге открива дека Реал Мадрид има три големи лондонски трансфер желби...



Во изминатите три години Барселона потроши речиси тројно повеќе од Реал Мадрид. Во изминатите две сезони тоа не се чувствуваше, но во оваа година разликата е евидентна, кралскиот клуб заостанува многу на табелата во Примера, па алармот во Мадрид е вклучен.

Реал Мадрид е подготвен да му се врати на пазарот како што тоа го правеше порано, на шопинг листата има три големи ѕвезди, две од Челси, една од Тотенхем.

Според Гиљем Балаге, Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Еден Азар и Тибо Куртоа. Шпанскиот гигант и во минатото се поврзуваше со овие двајца играчи на Челси, но сега откако тимот е во криза, а Барса станува се подобра, ќе тргнат поодлучно кон своите цели.

Третата голема цел е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој треба да биде наследникот на Бензема. Французинот игра во лоша форма, нема доволен број на погодоци, па се чини дека ја игра последната сезона на Сантијаго Бернабеу.

Со оглед на сумите со кои во последно време се купуваат фудбалските ѕвезди на пазарот, Реал Мадрид ќе треба да одвои огромна сума за да ги реализира своите желби.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...