Wednesday, 10 January 2018 17:25 Фудбал

Шпанија | Ерик Абидал со медиумите од Франција разговараше за голготата која ја помина откако му беше дијагностициран рак на црниот дроб, вели дека болеста силно ги погодила и соиграчите кои го замолиле да не им испраќа видеа...



Левиот бек во 2011 доби лоши вести, поточно дека боледува рак и мораше веднаш да замине на операција. Следната година одново беше „под нож“, овој пат за трансплатација на црн дроб.

Ерик Абидал ја победи болеста и успеа да се врати во дресот на Барселона, но тој повеќе не беше истиот фудбалер, и по кратка авантура во Монако и Олимпијакос реши да се пензионира.

Французинот сега откри повеќе детали за периодот кога бил надвор од стројот.

„Чувствував болка која ќе ја паметам целиот живот, не можев да ја поднесам” – вели Абидал. „Кога докторот ми кажа дека ќе правам втора операција бев среќен! Не би сакал никој да страда на ваков начин”.

Тој исто така раскажа и една епизода со Лео Меси, и тоа како целиот тим бил погоден од она што му се случувало.

„Бев многу слаб, и пред еден натпревар направив видео за момците со цел да ги развеселам, им кажав да не се грижат бидејќи се уште се држам и сум тука. Знаeте што ми кажа Меси? Повеќе не ни испраќај вакви видеа, не боли многу. Не гледав така на работите, им велев дека само ги охрабрувам, а тие ми кажаа дека кога ме гледале мене како да гледале мртовец и биле многу вознемирени”.

Ерик Абидал исто така открива дека плачел кога Тјери Анри дошол да го посети во болница.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...