Wednesday, 10 January 2018 17:31 Фудбал

Шпанија | Медиумите од Шпанија откриваат детали од состанокот на Зинедин Зидан со фудбалерите на Реал Мадрид, помладите играчи му замериле на Французинот дека шанса не добиваат оние кои тренираат најнапорно...



„Кралевите“ ја продлабочија кризата овој викенд откако одиграа само 2-2 на гостувањето кај Бетис и сега заостануваат дури 16 бода во однос на лутиот ривал Барселона.

И додека Примера е загубена, Реал Мадрид треба што поскоро да се врати во топ форма за пресметката со ПСЖ во Лигата на шампионите, како и натпреварите од Копа дел Реј.

Па по ремито со Бетис, Зинедин Зидан имал состанок со фудбалерите. Французинот не сакаше да открие за што било разговарано и само порача: „Разговаравме бидејќи тоа беше неопходно. Не разговаравме само колку да се рече дека сме имале состанок, туку да се извлече нешто од средбата”.

„Кога поминуваме низ ваков период, кога не оди според планот, рецептот е работа, работа и само работа”.

Емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена Сер објави дека состанокот придонел Реал Мадрид дури 53 минути подоцна од планираното да го започне тренингот.

Зинедин Зидан зборувал за тоа колку е „критична ситуацијата“, а свое мислење дале и постарите играчи како Серхио Рамос и Кристијано Роналдо.

Збор добиле и оние помладите, кои му замериле на Зинедин Зидан дека оние кои тренираат најнапорно не играат.

Останува да се види како Зинедин Зидан ќе го извади својот тим од кризата, првите ѕвезди на тимот некако да заблескаат и покрај тоа што Французинот упорно верува во нив и постојано им дава шанса.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...