Среда, 14 Февруари 2018 16:25 Фудбал
Како Чех му помогна на Мејсон по хорор повредата

Англија | Рајан Мејсон вчера соопшти дека е принуден да замине во пензија на само 26 години, Петр Чех беше еден од првите кои се огласија на социјалните мрежи, голманот најдобро знае што се искуси младиот Англичанец...



Во јануари минатата година, Рајан Мејсон заработи хорор повреда по еден воздушен дуел со Гери Кејхил. Фудбалерот заработи фрактура на черепот, па беше приморан вчера да се збогува од фудбалот на само 26 години.

Еден од првите играчи кои се огласија на социјалните мрежи беше Петр Чех.

„Вчера беше мноту тажен ден за еден фантастичен млад дечко. Иако неговата приказна немаше среќен крај, неговата одлучност, однесување и храброста која ја покажа при рехабилитацијата е нешто на кое треба да се восхитуваме и да служи како инспирација за другите! Се најдобро Рајан” – гласеше твитот на голманот на Арсенал.

Велат дека на мака се познаваат јуниците и токму таква е приказната поврзана со Рајан Мејсон и Петр Чех, кои станаа добри пријатели по пехот кој го доживеа младиот Англичанец.

Самиот Петр Чех има искусено ваква тешка повреда, па веднаш стапил во контакт со семејството на Рајан Мејсон и им бил морална поддршка низ целиот процес.

„Немам доволно зборови за да ја опишам големината на Петр Чех. Тој ги постави стандардите за тоа што значи вистински човек, чентлмен” – изјави Мејсон во интервју во октомври.

„Веднаш по инцидентот тој стапил во контакт со моето семејство и мојата вереница, ги осигурал и утешил дека она низ што минуваме е сосема нормално и очекувано мислејќи на тоа дека јас не можев да зборувам, дека ми пречеше светлината и некој слични работи. Откако собрав сила, стапив во контакт со него бидејќи кажал „штом се чувствува подготвен, би сакал да поминам и да разговараме“. Осум или девет недели подоцна ме посети. Бев малку загрижен бидејќи со никого немав разговарано повеќе од десет минути. Дојде кај мене дома, седна на креветот и ми рече „опушти се, не зборувај и само слушај“. Ми раскажуваше работи час иполовина!”.

„Јас не кажав ништо, тој само зборуваше и тоа беше брилијантно. Кога си замина, мојата вереница ми рече „леле, а ние бевме загрижени за толку многу работи...“ Едноставно не утеши дека сè што ни се случуваше е дел од процесот за рехабилитација”.

„Од тогаш па наваму постојано сме во контакт. Го посети мојот дом уште во неколку наврати и редовно се слушнаме на телефон. Чех е фантастичен!”

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Australia Open започнува средината на јануари, а Новак Џоковиќ сеуште не закрепнал це...
Новак Ѓоковиќ официјално изјави дека нема да игра тенис до крајот на оваа година...
Искусната Американка не може да ја спречи ниту седмиот месец од бременоста да се одмо...
Македонија | Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги одликуваше чле...
Македонија | Ракометниот клуб Вардар со победа од 24 - 23 над фаворизираниот фрнацу...
Поради големи проблеми на компанијата Uniklo што го спонзорира Новак Ѓоковиќ, тенисе...


24FUDBAL.com.mk

Лига Европа | Комплетирана е шеснаесфиналната фаза во Лига Европа и познати...
Англија | Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Андер Ерера заедно со уште 36 ...
Лига Европа | Немирите пред почетокот на дуелот помеѓу Атлетик Билбао и Сп...
Англија | Според англискиот весник „Сан“, Жозе Мурињо и Пол Погба имале жес...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Розевите жешки бикини во фокусот на вниманието...
Секси самба перформанс во оригинал форма...
Дајана прави сонцето да биде посветло...