Wednesday, 14 February 2018 16:58 Фудбал

Лига на Шампиони | Вечерва сите очи ќе бидат вперени во Мадрид каде Реал и ПСЖ ќе ги одмерат силите во Лигата на шампионите, пред почетокот на средбата пристигна провокација од Каталонија...



Во битка на титаните, Реал Мадрид го пречекува ПСЖ на Сантијаго Бернабеу во првиот натпревар од Лигата на шампионите. За многумина ова ќе биде и дуел помеѓу Кристијано Роналдо и Нејмар. Со таков став е и каталонскиот Мундо Депортиво, кој сепак го оскористи овој спектакл за да упати провокација.

Весникот на својата насловна страна објави слика од Португалецот и Бразилецот и напиша „Quien es el N°2?“ или во превод „Кој е Бројот 2?“. Прашањето очигледно имплицира дека ѕвездата на Барселона, Лео Меси е најдобриот гирач во светот, па неговите ривали од Реал Мадрид и ПСЖ можат да борат само за второто место на престолот.

Првиот човек на весникот, Санти Ноља вели: „Подолго време Бројот 1 е во сопственост на Меси. И за ова има малку дискусија помеѓу експертите. Па пресметката помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе го даде одговорот на прашањето за бројот 2, Нејмар ќе му конкурира на Роналдо. Некои дури го ставаат и Мбапе во оваа битка, но во овој момент, прилично јасно е дека Португалецот и Бразилецот се главните натпреварувачи“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...