Thursday, 22 February 2018 17:30 Фудбал

Македонија | Ване Лесноски од Прилеп синоќа доби во обложувалница над половина милион евра, тоа е убедливо најголемата добивка во Македонија, а според „Моцарт“ и на Балканот...



Среќниот Ване Лесноски уплатил седум тикети со слични натпревари, сите носеле максимална добивка. Два тикети уплатил на 23. јануари, пет следниот ден. Откако претходно ги фатил сите, последните натпревари ги чекал синоќа во обложувалница заедно со своите пријатели.

Откако завршиле натпреварите од Лигата на шампионите, Лесноски стана побогат за неверојатни 520.000 илјади евра. Убедливо најголема добивка во Македонија од обложување на спортски натпревари.

„Го чекав резултатот од последниот натпревар од Лигата на шампионите Севиља - Манчестер јунајтед и се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност и голаме возбуда а навидум бев мирен. Се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, кога го слушнав резултатот занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Играм со мали пари, често се обидувам да стигнам до голема добивка, си велам ако падне да падне. Лани ова време добив 25.000 евра. Таа ми беше најголемата добивка, но не се споредува со ова“, вели Ване Лесноски во интервју за МИА.

Локалниот прилепски весник „Зенит“ објави и видео од последните моменти на исчекување на Ване Лесноски.

Честито мајсторе!

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...