Thursday, 30 August 2018 21:40 Фудбал

Лига Европа | Розенборг ја победи Шкендија и во Скопје, норвешкиот тим славеше со 2-0 и ги казни големите промашувања на македонскиот шампион кој два пати не успеа да погоди од белата точка...

Шкендија имаше реални шанси да го помине Розенборг, но наместо да победи со два гола разлика, македонскиот тим доживеа нов пораз. На крајот пресуди искуството на тимот од Норвешка.

Розенборг го доби првиот меч со 3-1, на Шкендија и беше потребен триумф од два гола разлика за да го повтори успехот на Вардар и да се пласира во групната фаза од Лига Европа.

Шкендија тргна офанзивно по потребната победа и имаше фантастични шанси за тоа, но Розенборг го имаше голманот Андре Хансен кој беше јунак на овој меч.

Во 20. минута Бесарт Ибраими шутираше од пенал, Хансен ја удри топката, таа од статива се одби во игра, Шкендија не успеа да дојде до водство.

По пет минути игра во вториот дел нов пенал за Шкендија, овој пат Изаир Емини шутираше, но голманот Андре Хансен го одбрани и неговиот удар.

Откако не ги искористија шансите, Шкендија прими два гола, Ховланд во 67. и Регинусен во 84. минута ја тресеа мрежата на Захов за победа на Розенборг од 2-0.

Со овој резултат Шкендија доживеа елиминација од Европа и сега комплетно ќе може да се фокусира на одбрана на трофеите во домашните натпреварувања.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...