Friday, 31 August 2018 21:29 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо имаше уште една интересна средба со медиумите, Португалецот се „утепа“ од фалење, истакна дека е еден од најдобрите менаџери во светот и го цитираше филозофот Хегел...

„Ѓаволите“ имаат два порази во воведните три кола, најлош старт во сезона од 1992/93. Притисокот е се поголем врз Жозе Мурињо, кој по поразот од Тотенхем ги загуби нервите и побара поголема почит од новинарите.

На денешните средба со медиумите пред мечот со Барнли, Португалецот приреди ново шоу и се „утепа“ од фалање.

„Јас сум тренер на еден од најголемите клубови во светот, но исто така сум и еден од најголемите тренери во светот“ - порача Мурињо.

Запрашан дали и понатаму ќе се смета за голем тренер доколку не ја освои титулата со Манчестер јунајтед, кој има 20 трофеи во најсилното првенство на Англија, од кои 13 се во Премиерлигата, „Специјалниот“ одговори: „Секако“.

„Дали сте читале некој филозоф, дали сте одвоиле време да го прoчитате Хегел? Тој вели „вистината е во целината. Секогаш во целината ќе ја пронајдете вистината“. Дали му ги поставувате истите прашање на тренерот кој заврши како трет минатата сезона, или на тренерот кој заврши како четврти, како петти?“

За финишот на втората позиција од минатата сезона, Мурињо рече: „Одговорот е лесен, имав голем успех минатата сезона, но веројатно вие не сакате да го признаете ова. Јас ги анализирам сопствените перформанси, и за мене многу поважно е тоа што самиот мислам за сработеното отколку тоа што вие мислите“.

„Пред две години имавме фантастична сезона со триумф во Лига Европа. Сите мислеа дека Атлетико Мадрид биле одлични бидејќи ја освоиле Лига Европа откако беа елиминирани од Лигата на шампионите. Ние сме последниот тим од Англија кој се радувал на трофеј во Европа“.

„Имам освоено осум титули, единствен сум кој бил шампион во Италија, Шпанија и Англија. И минатата сезона, повторувам, освоеното второ место е еден од моите најголеми успеси“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...