Monday, 10 September 2018 21:23 Фудбал

Останато | Селекторот на Шпанија, Луис Енрике се замеша во дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер, вели дека оваа награда треба да му припадне на Лео Меси, кој е скалило над сите други...

Дебатата за тоа кој треба да ги понесе идивидуалните награди за најдобар одново е топ тема откако неодамна УЕФА го прогласи Лука Модриќ за фудбалер на годината, а и ФИФА ги соопшти тројцата кандидати за наградата „Бест“ каде Хрватот заедно со Кристијано Роналдо и Мо Салах се финалисти.

Одлуката на УЕФА не му се допадна на ЦР7 кој беше бесен што остана пократок за оваа награда, а неговиот агент Жорж Мендеш „распали“ по европската куќа на фудбалот и порача дека изборот бил смешен и срамен

Во целата дебата сега се вклучи и Луис Енрике, кој исто така смета дека Лука Модриќ не е најдобар фудбалер. Но неговата изјава сигурно нема да му се допадне на Кристијано Роналдо, бидејќи селекторот на Шпанија вели дека Лео Меси треба да ја добие оваа награда, Аргентинецот бил скалило над сите други.

„Модриќ и Ракитиќ заслужуваат индивидуални награди, но кога зборуваме за најдобриот во светот, оваа награда треба да му се даде на Лео Меси, кој е едно скалило над сите други“ – вели Луис Енрике, кој сепак можеби е пристрасен со оглед на тоа дека три сезони му беше тренер на Аргентинецот, а има и голема историја со Барселона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...