Monday, 10 September 2018 21:27 Фудбал

Македонија | Фановите на тимот од Еланд Роуд со реакции по вториот гол во низа на популарниот Џани во дресот на Македонија во рамките на Лигата на нации, од тоа очекуваат уште подобри изданија на офанзивецот во продолжението од Чемпионшиплигата...

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација од поодамна не знае за пораз, а одлично почна во најновото натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на нации, која го отвора патот до историскиот прв пласман на Европско првенство.

Во рамките на групата „4“ од Лига „Д“, нашите фудбалери стигнаа до втората победа во низа, па откако во првото коло со 0-2 беа сигурни кај аутсајдерот Гибралтар, следеше и победа во оној вистинскиот тест, против Ерменија на „Филип Втори“ арената во Скопје, исто со 2-0.

Езгјан Алиоски, нашиот офанзивец во два меча постигна по еден гол, а тоа го проследија и фановите на англискиот чемпионшиплигаш Лидс, па еве ги нивните реакции...

Следниот противник на Македонија во Лигата на нации е Лихтанштајн, против кого играме на домашен терен, шанса за нови три бода која не смееме да ја пропуштиме, а за фановите на Лидс, извонредната форма на Алиоски е најава за уште подобри изданија од него во дресот на тимот од Еланд Роуд кој има импресивен старт оваа сезона под водство на Марсело Биелса.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...