Петок, 03 Септември 2010 11:31 Фудбал
Стартуваат квалификациите за ЕВРО 2012

ЕВРО 2012 Денеска стартуваат квалификационите натпревари за ЕВРО 2012 кое ќе се одржи во Полска и Украина.


Иако веќе се одиграа два натпревари од квалификациите за ЕВРО 2012, може да се каже дека денеска е вистинскиот старт за трката по местата кои водат до Полска и Украина.

Бранителот на европскиот трон е селекцијата на Шпанија, која се наоѓа во групата И заедно со репрезентациите на Чешка, Шкотска, Литванија и Лихтенштајн.

Очекувањата се дека Црвената Фурија без проблеми ќе ја претрча групата, а стартот е денеска од Вадуз.

Литванија и Шкотска е другиот дуел од оваа група во која Чешка е слободна на стартот.

Франција и Италија имаат сериозна задача да го вратат реномето кое го загубија на последното Светско првенство.

Триколорите и Азурите не ја поминаа ниту групната фаза од мундијалот, па квалификациите ги стартуваат со нови селектори и свежи идеи во надеж дека брзо ќе ја вратат довербата кај навивачите.

Франција започнува на домашен терен против Белорусија, во оваа групата Д денеска играат уште и Луксембург - Босна и Херцеговина, Романија - Албанија.

Босна и Херцеговина стигна до баражот за Светското првенство, па целите на оваа селекција веќе не можат да бидат подоле од тоа.

Разнишаната Романија ќе се обиде да се врати во репрезентативниот крем, но тешко дека ќе го оствари тоа, Белорусија и Албанија ќе се бодар за четвртата позиција, Луксембург стандардно ќе служи за поправање на гол разликата.

Италија се најде во групата Ц заедно со Србија, Словенија, Северна Ирска, Естонија и Фарските Острови.

Дефинитивно ова е една од најинтересните групи, па Азурите во друштво со Србија и Словенија нема да имаат нималку лесна задача да дојдат до првата позиција.

Тука е и Северна Ирска која знае да биде незгоден противник, Естонија и Фарските острови кои веќе одиграа еден дуел во овие квалификации ќе бидат на дното.

Сериозна задача му престој и на Фабио Капело, Англија посрамотена од Германија се врати од Јужна Африка, критиките кон Италијанецот беа силни, но тој остана на кормилото.

Капело се надева дека ќе успее да ја најде вистинската формула за успех на Гордиот Албион, ќе ја врати позитивната атмосфера во репрезентациите и насмевката кај навивачите.

Англија започнува на Вембли против Бугарија, Црна Гора го пречекува Велс, селекцијата на Швајцарија е слободна.

Хрватска беше шокирана во претходните квалификации не успевајќи да избори пласман на Светското првенство, Билиќ остана на клупата, а целта е јасна, враќање на Коцкастите на големите натпреварувања.

Во групата уште се Израел кој синоќа ја победи Малта, како и Грција која игра со Грузија и Летонија која ја пречекува токму Хрватска во првото коло.

Холандија во последните години лесно и поминуваат квалификациите, очекувањата се исти и за патот до Европското првенство.

Нешто посериозен противник може да и биде селекцијата на Шведска, но Финска, Унгарија, Молдавија и Сан Марино ќе бидат лесен залак за Портокаловите.

Холандија денеска гостува кај Сан Марино, Шведска ја пречекува Унгарија, Молдавија се среќава со Финска.

Гус Хидинк има задача да ја врати Турција во репрезентативниот врв, тие се наоѓаат во групата каде што главен фаворит е Германија, покрај овие две селекции тука се уште и Австрија, Белгија, Казакстан и Азербејџан.

Турција во првото коло му гостува на Казакстан, а Белгија ја пречекува Германија.

Португалците ќе имаат сериозен конкурент во репрезентацијата на Данска за првото место во групата Х, но тука е и сериозната Норвешка, но и Кипар кој постојано напредува, па и ѕврстиот Исланд.

Португалија започнува дома против Кипар, Норвешка гостува на Исланд во првото коло.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Во Буенос Аирес се одржа натпревар за танчерки на шипка...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со ...
Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан планира да достави понуда до Јувентус ...
Тренерот на АПОЕЛ, Иван Јовановиќ вели дека неговиот тим е многу мотивиран во прес...
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Нури Сахин чека на своето комплетно деб...
Тренерот на Баварците е задоволен од победата во второто коло од Националниот куп ...

Mobile24.mk

24FUDBAL.com.mk

Андре Вилаш Боаш е свесен дека неговиот поранешен ментор Жозе Мурињо е по...
Дејвид Бекам вели дека неговата фамилија била причината поради која одбил...
Роберто Манчини не ја отфрла можноста Карлос Тевез одново да заигра за Ма...
Карло Анчелоти не крие дека го посакува Кака во ПСЖ и вели дека тие ќе се...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Risky Rider 2
Melon Mango Mayhem Game
Dino Panic
Diamond Dan
Bike Mania Arena
Crop Defenders

Hot & Sexy

Скриената камера секогаш е занимлива идеја. Поготово кога тема е нешто убаво и секс...
Моника Вајс во фотосесија за бикини...
Сексипилна девојка пред веб камера...