Сабота, 04 Септември 2010 14:16 Фудбал
На стартот болен пораз од Словачка

ЕВРО 2012 Македонија поразена во судиското продолжение од Словачка, не заслуживме пораз во Братислава.


Болен пораз за Македонија, не издржавме до самиот крај, имавме шанси и за победа, но поразени се враќаме од Словачка.
Се се одвиваше добро за нашата репрезентација се до последните пет минути од регуларниот тек кога Ванче Шиков заработи втор жолт картон.

Во тие моменти Словчка додаде на офанзива што резултираше со погодок за победа.

Натпреварот започна рамноправно, со игра главно во средината на теренот, Словчка го имаше поседот на топката, Македонија одлично ги затвори приодите кон голот на Нурединовски.

Единствениот шут во рамките на голот во првиот дел го имаше Иван Тричковски, биеше силно но голманот на Словачка одбрани.

Далеку посодржајно беше второто полувреме, со многу повеќе случувања на теренот.

Словачка веднаш се закани, Вајс го упати првиот удар за домаќини, но за наша среќа непрецизно.

Во 63та минута Горан Попов упати бомба од далечина, за малку над голот на Муча.

Веднаш возврати Словачка, опасниот Сток нафрли, Хамшик за малку не стигна.

Со влегувањето на Стевица Ристиќ се внесе свежина во нашиот состав, топкму по една негова одлична асистенција во 71та минута, Пандев влезе во шанса, голманот на Словачка одбрани.

Пет минути подоцна нова голема можност за Македонија, најпрво удар на Тричковски кој беше блокиран, топката дојде до Георгиевски кој не реализира од одлична ситуација.

Словачка ја зголеми иницијатива и крајот од натпреварот комплетно и припадна.

Во 77та минута Шток упати силен удар од далечина, Нурединовски со мали потешкотии го скроти.

По корнерот, Марек Хамшик успеа да промаши голема шанса.

Во 84та минута Јеришек шутираше од 11 метри над голот на Нурединовски.

Клучниот момент се случи во 85та минута, Един Нурединовски непотребно заработува втор жолт картон, на теренот се створи мешаница, во која беше исклучен и Мирсад Јонуз.

Македонија остана со фудбалер помалку во последните минути и не успеа да издржи.

Најпрво Силвест во 90та минута не погоди од добра шанса, Нурединовски одбрани.

Во следниот напад на домаќините гол, Хамшик нафрли, Холошко реализира за победа на Словачка од 1-0.

Болен пораз на стартот за Македонија, можевме да се радуваме и на триумф, но поразени се враќаме од Братислава.

На овој натпревар Македонија настапи во следниот состав: Нурединовски, Шиков, Новески, Митрески, Попов, Шумуликоски, Георгиевски, Деспотовски (Лазевски), Тричковски (Грнчаров), Пандев, Наумоски (Ристиќ)

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Во Буенос Аирес се одржа натпревар за танчерки на шипка...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со ...
Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан планира да достави понуда до Јувентус ...
Тренерот на АПОЕЛ, Иван Јовановиќ вели дека неговиот тим е многу мотивиран во прес...
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Нури Сахин чека на своето комплетно деб...
Тренерот на Баварците е задоволен од победата во второто коло од Националниот куп ...

Mobile24.mk

24FUDBAL.com.mk

Андре Вилаш Боаш е свесен дека неговиот поранешен ментор Жозе Мурињо е по...
Дејвид Бекам вели дека неговата фамилија била причината поради која одбил...
Роберто Манчини не ја отфрла можноста Карлос Тевез одново да заигра за Ма...
Карло Анчелоти не крие дека го посакува Кака во ПСЖ и вели дека тие ќе се...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Risky Rider 2
Melon Mango Mayhem Game
Dino Panic
Diamond Dan
Bike Mania Arena
Crop Defenders

Hot & Sexy

Скриената камера секогаш е занимлива идеја. Поготово кога тема е нешто убаво и секс...
Моника Вајс во фотосесија за бикини...
Сексипилна девојка пред веб камера...