Сабота, 04 Септември 2010 14:25 Фудбал
Франција киксираше, Италија победи со пресврт, Англија убедлива против Бугарија

ЕВРО 2012 Франција загуби од Белорусија, Англија убедлива против Бугарија, гостински победи на Италија, Германија, Холандија и Шпанија.


Франција и под водство на Лорен Блан продолжува да ги разочарува своите навивачи.
Триколорите очекуваа сигурна победа против Белорусија на стартот од квалификациите, но доживеаа шок.

Со голот на Кислиак во 86та минута, Белорусија славеше над големиот фаворит.

Англија убедливо со победа од 4-0 над Бугарија ги започна квалификациите.

Дефо реализираше хет-трик, погоди во 3та, 61та и 86та минута, Џонсон реализираше во 83та.

Вејн Руни не постигна гол, но одигра одлично, имаше три асистенции.

Италија со пресврт во второто полувреме дојде до победа на гостувањето кај Естонија.

Зењов во 31та минута носи водство за домаќините, Касано во 60та и Бонучи во 63та погодија за победа на Азурите.

Мирослав Клосе во 51та минута погоди за минимална победа на Германија на гостувањето кај Белгија.

Шпанија оствари лесна и очекувана победа на гостувањето кај Лихтенштајн, Црвената Фурија славеше со 4-0.

Торес постигна два гола, по еднаш погодија Давид Виља и Давид Силва.

Холандија со 50 го победи аутсајдерот Сан Марино.

Хунтелар реализираше хет-трик, по еднаш погодија Кајт и Ван Нистелрој.

Хрватска со сигурна победа од 3-0 ги започна квалификациите, Коцкастите славеа на гостувањето кај Летонија.

Петриќ, Олиќ и Срна ги постигнаа головите за Хрватите.

Идентична победа и за Србија, со 3-0 славеа на гостувањето кај Фарските Острови.

Лазовиќ, Станковиќ и Жигиќ ги постигнаа головите на оваа средба.

Словенија доживеа непријатен пораз на домашен терен од Северна Ирска, гостите победија со 1-0.

Минимална победа забележа Црна Гора против Велс, Вучиниќ беше стрелец на единствениот гол.

Босна и Херцеговина дојде до лесен триумф кај Луксембург победи со 3-0.

Ибричиќ, Пјаниќ и Џеко реализираа за Босанците.

Грција влезе како голем фаворит против Грузија, но одигра само 1-1.

Убедлива победа за Турција на стартот, фудбалерите на Гус Хидинк победија во Казакстан.

Албанија со големо реми се враќа од Романија, натпреварот заврши 1-1.

Во останатите натпревари, Шведска ја победи Унгарија со 2-0, Летонија одигра 0-0 против Шкотска, Норвешка со 2-1 славеше на гостувањето кај Исланд, Молдавија со 2-0 ја победи Финска.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Во Буенос Аирес се одржа натпревар за танчерки на шипка...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби Златната Копачка на Европа со ...
Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан планира да достави понуда до Јувентус ...
Тренерот на АПОЕЛ, Иван Јовановиќ вели дека неговиот тим е многу мотивиран во прес...
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Нури Сахин чека на своето комплетно деб...
Тренерот на Баварците е задоволен од победата во второто коло од Националниот куп ...

Mobile24.mk

24FUDBAL.com.mk

Селекторот на Англија, Фабио Капело не се согласува со одлуката на ФА да ...
Кени Далглиш е среќен поради враќањето на Луис Суарез на теренот по осум ...
Милан потврди дека ќе ја обжали казната на Златан Ибрахимовиќ кој доби су...
Во дерби натпревар од Премиер лигата, Ливерпул и Тотенхем одиграа без гол...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Lab Escape
Risky Rider 2
Melon Mango Mayhem Game
Dino Panic
Diamond Dan
Bike Mania Arena

Hot & Sexy

Којa долна облека e вашата омилена...?
Скриената камера секогаш е занимлива идеја. Поготово кога тема е нешто убаво и секс...
Моника Вајс во фотосесија за бикини...