ВИЦ

На семафор плавуша го удира автомобилот во друг, а лутиот возач излегува и и вика:
- Дали си нормална?! Дали ти воопшто полагаше возачки испит?!

Плавушата изнервирана кон него:
- Сигурно повеќе пати од тебе!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 13 September 2012 08:17 Технологија

Вчера точно во 19 часот извршниот директор на Apple, Тим Кок излезе на сцената на уметничкиот центар Yerb Buena за на светото да му го претстави новиот "паметен телефон" iPhone 5...

По него, на сцена се качи Фил Шилер кој истакна дека новиот iPhone е "најубавиот производ кој некогаш го направиле."

"Новиот iPhone 5 е 18% потенок од iPhone 4S и дури 20% полесен. Има Retina екран, резолуција 1136 х 640 пиксели со 326 ррi, а големината е 4 инчи и прикажува слика во размер од 16:9", истакнал Шилер.

Шилер додал дека новиот iPhone е нешто поголем, и тоа од причина за на корисниците да може подобро да им лежи во рака. Исто така новиот уред има најпрецизен екран затоа што сензорите за допир се интегрирани директно во самиот екран. Во него е вграден и А6 процесор кој е два пати побрз од постоечкиот А5, иако е за 22% помал.

На овој iPhone 5 уред му е подобрена и камерата. Таа е за 40% побрза во "фаќањето" на слики. Со новиот оперативен систем iOS и iCloud, Apple претстави нешто што го нарече "shared photo streams", а уште една занимлива опција е снимање на панорамски фотографии.

FaceTime камерата е HD, а аудио составот е исто така унапреден. На новиот iPhone постојат три микрофони, на дното, напред и странично. iPhone од почетокот користеше iPod 30 пин конектор кој за прв пат беше претставен во 2003 година. Сега и тоа се промени. "Нашиот нов конектор е наречен  Lightning. Така имаме Thunderbolt и Lightning."

Бидејќи за полнење на новиот iPhone 5 треба нов конектор, Apple го претстави и новиот адаптер. Со тоа Apple го подобри траењето на батеријата. Со новата батерија која ја има овој уред може да разговарате 8 часа во 3G и 8 часа да пребарувате на интернет преку LTE мрежата.

Личниот дигитален помошник Siri исто така "научил" многу. Пример, може да го прашате да ви препорача кој филм да го гледате во кино, или пак да ви пронајде суши ресторан.

iPhone 5 и овој пат доаѓа во две бои - црна и бела. Цената му е иста како и за iPhne 4S. Почнува 199 долари за 16 GB моделот, преку 299 за 32 GB модел до 399 за модел од 64 GB и тоа на договор за 24 месеци. Нарачки се примаат од 14 септември, а испораките ќе почнат од 21 септември. За почеток, новиот iPhone 5 ќе биде достапен на пазарот на САД, Јапонија, Канада. Франција, Германија и Австралија, а од 28 септември и во другите држави.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...