Tuesday, 06 November 2012 14:57 Технологија

Американските компании се тужат веќе некое време, а победата, како и во последниот случај, главно ја однесе Моторола - време е Ејпл да го плати својот дел...

Компанијата Ејпл кон средината на годината поднесе тужба "поради нефер однесување и лошо постапување кон конкуренцијата". Имено, Моторола утврдила, а судот потврдил, дека Ејпл без знаење на компанијата во своите iPhone модели кориситл Моторола патенти.

Затоа, Моторола и наложи на компанијата Ејпл да и плаќа по 2,25% по iPhone модел (гледано по вкупната нето заработка) што Ејпл непречено одби и поднесе тужба. За жал, тужбата е одбиена и Ејпл нема да има право да поднесе нова против Моторола, додека не заврши процедурата со поднесената жалба за оваа тужба, која е во тек.

Не се сомневаме дека Ејпл ќе се жали, но прашање е како судот ќе реагира, а искуствата со таквите постапки главно се неповолни за компанијата која се жали.

Во меѓувреме, од друга страна, Моторола се согласила судот да го одреди надоместокот кој ќе го добива од секој продаден iPhone уред, а Ејпл понудил тоа да биде 1 долар. Моторола ја игнорирала оваа понуда.

Судејќи според досегашната пракса, Ејпл ќе плати за "позајмените" патенти, само останува да се види колку. Сумата сигурно нема да биде мала, затоа што ретроактивно ќе ги опфати сите iPhone модели од 2007 па наваму.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...