Thursday, 17 April 2014 10:24 Технологија

Најновата верзија на еден од најпопуларните системи за управување со содржини на веб-страници (CMS) нуди повеќе подобрувања...



Новата верзија на WordPress 3.9 се нарекува „Smith“, на која и е дадено името во чест на американскиот џез музичар Џими Смит. Развојниот тим што стои позади оваа платформа вели дека „корисниците ќе имаат полесно разбирање за прикажувањето на нивната содржина откако ќе биде објавена“. Новата верзија има и подобар едитор, кој е побрз и постабилен, а тука е и поддршката за мобилни уреди. Една од најважните иновации е што WordPress ќе може автоматски да го направи „рачното чистење“ на копирани текстови, наместо да го правите тоа како досега во Microsoft Word, што ви одземаше долго време.

Што се однесува за прикачувањето и обработката на фотографии кои сакате да ги објавувате на својот WordPress блог, отсега тоа ќе можете да го направите со „drag&drop“ системот од вашиот компјутер директно во едиторот, со што целиот процес многу повеќе се поедноставува. Прегледот и уредувањето на галеријата фотографии исто така ќе може многу лесно, брзо и едноставно да се одработи внатре во самиот едитор, затоа што во реално време ќе можете да ги разгледувате галериите на „live“ продукцијата на веб-страниците. Аудио и видео датотеките исто така ќе може поедноставно да се уредуваат, а додадена е и можноста за автоматска „playlist“ и уште многу спецификации.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...