Monday, 02 March 2015 10:24 Технологија

На Mobile World Congress, Samsung синоќа ги претстави новите модели од својата Galaxy S серија – наследникот на Galaxy S5, кој доаѓа со подобрувања и Galaxy S6 Edge, модел со заоблени рабови на екранот...



Овие модели носат големи промени во дизајнот во споредба со досегашните уреди од оваа серија, односно, пластичното куќиште со претходните модели, сега се заменети со метал и стакло, а поради тие промени во дизајнот, новите Galaxy модели веќе немаат можност за microSD мемориски картички и заменлива батерија. Најголемата разлика помеѓу Galaxy S6 и S6 Edge, е во екранот, димензиите и капацитетот на батеријата.



Дијагоналата на телефоните изнесува 5,1 инчи, резолуцијата е 1,440 x 2,560 пиксели (со густина на пикселите од 577ppi). Од Samsung велат дека новите модели поседуваат најнапредна технологија во Samsung, за изработка на процесорски јадра (станува збор за 8-јадрениот Exynos процесор) кој овозможува силни перформанси. Уредите имаат 3GB RAM меморија и ќе се испорачуваат со 32, 64 и 128GB меморија. Резолуцијата на задната камера изнесува 16MP и може да се пофали со опциите како што е Auto Real-time High Dynamic Range (HDR) и оптичка стабилизација на сликата (OIS). Од предната страна има 5MP камера за селфи, а интересна е опцијата Quick Launch, преку која корисниците може да им пристапат на камерите за помалку од една секунда. Двата модела доаѓаат со вградена сертифицирана технологија за бежично полнење WPC и PMA, кои се компатибилни со секој бежичен полнач на пазарот, кој ги поддржува стандардите WPC и PMA. Постои можност за брзо полнење на телефонот, до 1,5 пати побрзо во споредба со Galaxy S5 и полнењето од 10 секунди би требало да биде доволно за околу 4 часа користење, а новоста е дека е поддршка и за Samsung Pay, технологијата за бесконтактно плаќање, со кое оваа компанија ќе му конкурира на Apple и неговата технологија Apple Pay.

Претседателот на управата во оваа компанија, ЈК Шин, рекол дека „Samsung најавува нова ера на мобилната технологија“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...