Thursday, 21 May 2015 10:35 Технологија

Кинеските паметни телефони стануваат се поголема закана за компаниите како што се Apple, Samsung и LG, кои корисниците најмногу ги привлекуваат поради поволните цени...



Xiaomi е најпознатата кинеска компанија, позната под името 'кинескиот Apple', која за многу кратко време стана една од највредните стартап компании и го зазема местото на топ пет најголеми мобилни компании на глобалниот пазар. Освен, Xiaomi, на мобилните великани им конкурираат и голем број други помалку познати компани, меѓу кои се наоѓа Oppo. На вчерашната конференција во Peking, Oppo претставил два нови моќни паметни телефона, еден со екран и дијагонала од пет инчи, а другиот со екран и дијагонала од дури шест инчи.

Резолуцијата на пет инчниот екран, моделот R7 има 1920x1080 пиксели, а истата резолуција ја има и големиот R7 Plus, со тоа што неговиот 6 инчен екран се протега од раб до раб на телефонот. Двата модела со ист Qualcom 64-битен осум-јадрен процесор имаат 3GB работна меморија и 16GB простор за податоци (Oppo R7), односно 32GB (Oppo R7 Plus).

Резолуцијата на камерите на двата модела изнесува 13MP, со тоа што моделот R7 Plus има понапреден сензор, ласерски автофокус и двоен блиц. Има сензор за отисок од прсти (само кај R7 Plus) како и поддршка за LTE со брзина до 150Mbps. Моделот Plus има батерија со многу поголем капацитет (што е логично со оглед на поголемиот екран) – дури 4,100 mAh, додека моделот R7 има батерија со капацитет од „само“ 2,320mAh. R7 и R7 Plus работат со Oppo ColorOS v2.1 софтвер, кој се базира врз Android 5.1 Lollipop. Овие модели веќе може да се набават на кинескиот пазар за цена од околу 400 долари за R7, односно околу 480 за R7 Plus), а на останатите пазари може да се очекуваат на крајот на јуни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...