Thursday, 01 October 2015 08:51 Технологија

LG вчера го претстави новиот смартфон V10...



V десетката носи интересни иновации и ја олеснува употребата на телефонот, доаѓа со два екрана. Освен класичниот дисплеј со дијагонала од 5,7 инчи и QuadHD резолуција, на врвот се наоѓа дополнителен мал екран, кој е постојано активен и на кој се прикажуваат информации - дата и време, известувања и кратенки за пристап кон апликации. Внатре во самите апликации има дополнителни опции за растеретување на простор од главниот екран.

Интересен е LG V10 затоа што има две камери, со кои фотографиите може да се спојат во една под агол од 120 степени. Од задната страна се наоѓа 16MP камера со ласерски автофокус и станува збор за слична камера вградена во моделот G4. Ова е една од најдобрите мобилни камери на светот.

LG V10 содржи Qualcomm Snapdragon 808 процесор, 4GB RAM меморија, 64GB внатрешна меморија, со microSD мемориска картичка, а капацитетот на батеријата изнесува 3,000mAh. Оперативниот систем е Android 5,1 Lollipop, кој може да се надгради и со најновиот Marshmallow. Овој интересен смартфон прво ќе се појави на пазарот во Јужна Кореја, а потоа и на останатите глобални пазари. Цената уште не е позната.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...