ВИЦ

Свадба

Дошол Мујо кај матичар и го прашува:
- "Сакам да прашам дали може да се женам во среда?"
- "Па зошто бе Мујо во среда - сите се женат сабота а ти баш во среда?"
- "Па знаеш, не би сакал да си го расипам викендот."

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 09 January 2018 16:54 Технологија

За плаќањето со виртуелната валута биткоин во Македонија, согласно Законот за платен промет и Законот за девизно работење, не само што се предвидени високи парични казни, туку е предвидена и казна затвор до пет години...


Плаќањето со виртуелната валута биткоин во Македонија е забрането и секој кој ќе ја користи за која било трансакција го крши законот, за што се предвидени не само парични казни, туку и казна затвор!

„Работењето со биткоин во нашата држава ќе се санкционира. Биткоинот, во основа, е шпекулативна валута, што го чини инвестирањето во него крајно ризично. Во Република Македонија легално средство за плаќање е само денарот и секое плаќање во друга валута потпаѓа под законска регулатива. Користењето на биткоинот е во спротивност со Законот за платен промет и Законот за девизно работење“, велат од Народната банка на Македонија.

Според Законот, одговорното лице, трговец-поединец и физичко лице (резиденти), кое со своето работење ќе ги повреди одредбите од овој закон со употреба на девизи и други меѓународни мерила на вредност како валута на извршување на договорите меѓу
резидентите ќе се казни со казна затвор од три години до пет години.

Одговорното лице во правното лице или трговец-поединец кој на територијата на Република Македонија врши во свое име и за своја сметка, како и за друго лице (правно или физичко) наплата или исплата во ефективни странски пари спротивно на одредбите на овој закон ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Освен затворски, предвидени се и парични казни од 7.000 до 10.000 евра.

Биткоинот влегува во се поголема употреба во светот, а брзо се шири и во земјите од регионот, каде што како платежно средство го прифаќаат ресторани, продавници, разни приватни фирми. Во Македонија досега само една фирма објави дека работи со биткоин, а има и неуспешна иницијатива да почне да се употребува и во ресторани и кафулиња.

Биткоинот е валута која постои само на Интернет и се појави во 2009 година како софтвер со отворен код. Дигиталната валута уште се нарекува и виртуелна валута, електронски пари или крипто-валута поради криптографијата која се користи при создавањето и трансферот. Оваа валута не е прифатена како плате'но средство од владите и централните банки, но наспроти тоа, во последно време расте неговата употреба. Биткоинот стартуваше со вредност од еден долар и за кратко време достигна 1.000 долари.

Компаниите кои го употребуваат, а во земјите од опкру'увањето тоа се ресторани, кафулиња, приватни гимназии во Словенија, Хрватска, Србија, наоѓаат уникатни начини како средствата заработени во биткоини да ги претворат во домашна валута, која ќе легне на нивните сметки за да се плати данок. Неодамна во центарот на Љубљана се постави и првиот банкомат за биткоини. Нобеловецот Пол Кругман смета дека е тешко да се каже зошто биткоинот има вредност.

„Биткоинот е дигитална валута која има вредност бидејќи... Па, тоа е тешко да се каже зошто, но моментално луѓето сакаат да ја имаат бидејќи веруваат дека и другите ќе сакаат да ја купат. Тоа е еден вид виртуелно злато“, објаснува нобеловецот.

Користењето на биткоин и во Русија наскоро ќе биде казнувано, а секоја трансакција поединецот мо'е да го чини околу 1.000 долари, а правните лица и до 25.000 долари.

И Народната банка на Србија минатата недела предупреди дека биткоинот не е законско средство за плаќање во Србија, ниту, пак, е дозволено со него да се тргува во банките и во менувачниците.

Извор: Baram.be

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...