Friday, 21 September 2018 11:00 Технологија

ФЕИТ организира воведен курс за програмирање Code@FEIT 2018...

Од 24 до 28 септември 2018 година, по шести пат, Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и  информациски технологии (ФЕИТ) организира воведен курс за програмирање Code@FEIT 2018.

Курсот ќе го посетуваат идните, новозапишани студенти на ФЕИТ (без претходно програмерско искуство), постојните студенти на Факултетот и лица кои имаат желба да се запознаат со основите на програмирањето.

Сите учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и за тоа како се дизајнираат алгоритми. Преку интерактивната настава, практично, ќе можат да преточуваат проблеми во алгоритми, односно потоа во програмски код.

Целта на курсот е да се покажат најновите пристапи кон програмирањето и да се мотивира младите лица да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на Институтот за КТИ и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија.

„Code@FEIT е особено успешна приказна, која шеста година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слу­шатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со осно­вите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе про­должи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите кои се заинте­ре­сирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани“, вели вонредниот професор Марија Календар, раководител на Институтот за КТИ при ФЕИТ.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...