ВИЦ

Еден пријател му се жали на друг:
- Замисли пријателе, гледам јас во автобус како околу мене се мотка крадец. Ја става раката во еден џеб, после во другиот, па во третиот. Tолку ми стана непријатно - немав скршен денар во мене!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 22 February 2019 09:52 Технологија

Линијата Галакси уредите за носење проширена со Часовникот Галакси Актив, Галакси Фит тракерот и слушалките Галакси Бадс - елегантни, современи уреди кои го олеснуваат управувањето со фитнесот и благосостојбата...

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ја најави својата нова линија на галантерија за носење: Часовник Галакси Актив (Galaxy Watch Active), Галакси Фит / Галакси Фит Е (Galaxy Fit / Galaxy Fit) и слушалките Галакси Бадс (Galaxy Buds). “Паметниот“ часовник, тракерот за следење на активности и безжичните слушалки се направени за широк спектар животни стилови и за секој, почнувајќи од оние кои бараат баланс во животот до оние кои бараат дополнителна мотивација. Самсунг уредите за носење ги прават посакуваните велнес цели поудобни, стилски и позабавни.

„Потрошувачите сѐ повеќе вложуваат во својата целокупна благосостојба - средиште на нивните одлуки за животниот стил и бараат уреди за носење кои прават да се активни и да останат избалансирани секој ден. Секој има свој начин на остварување на своите цели. Затоа, задоволство ни е да ја претставиме новата Самсунг линија на уреди за носење кои се вклопуваат беспрекорно во вашиот живот и го надополнуваат вашиот личен пат кон добросостојба “ - изјави Дј Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен директор на одделот за ИТ и мобилни комуникации во Самсунг.

Часовник Галакси Актив (Galaxy Watch Active): Стил комбиниран со спорт

За напредните модерни потрошувачи кои сакаат да живеат поздраво секој ден, часовникот Галакси Актив е истовремено и паметен и стилски. Карактеристиките на неговото премиум пакување се споредливи со Галакси Часовникот (Galaxy Watch). Новиот Часовникот Галакси Актив пристигнува со нов спортски дизајн кој е тенок, лесен, разновиден и го олеснува одржувањето на балансиран животен стил. Атрактивниот, минималистички дизајн е лесен за навигација. Корисниците може да го одберат изгледот на стилскиот часовник и со бирање на спортски ремен во различни бои за да одговара на нивниот уникатен стил.

Секојдневната добросостојба е повеќе од само следење на фитнес активностите. Часовникот Галакси Актив презема целосен пристап за следење на сè што е најважно. Неговите функции за мерење на вежбање, спиење, стрес и следење на здравјето го прават овој часовник личен тренер на оние кои бараат поздраво тело и ум. Овој часовник е комбинација од најдоброто од наследството на Галакси со подобрени карактеристики за фитнес и благосостојба.

* Мониторинг на крвниот притисок1: Како новина во серијата Галакси уреди за носење, Часовникот Галакси Актив започнува со следење на крвниот притисок кога е поставен на зглобот на корисникот. Со преземање на апликацијата „Мојата БП лабораторија“ (My BP Lab), апликација за истражување, развиена заедно со Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF), директно на Часовникот Галакси Актив корисниците може да ги следат крвниот притисок и физичкото здравје секој ден.

* Секојдневно одморање на умот: Управувањето со стресот сега е помалку стресно благодарение на стрес-тракерот на Часовникот Галакси Актив. Ги одржува стрес нивоата на корисниците во нормала и ги води кон долгорочно здравје. Корисниците можат на едноставен начин да започнат вежби за дишење за да се вратат во рамнотежа директно по стресот.

* Лесно Фитнес Следење: Корисниците може да ја одберат омилената активност и да започнат со нејзино следење. На лесен и едноставен начин. Часовникот Галакси Актив продолжува со автоматско детектирање при трчање, возење велосипед, веслање, користење елиптичен тренер или започнување динамичен тренинг. Корисниците може рачно да одберат вклучување во повеќе од 39 активности, да постават дневни цели и да го следат напредокот.

Часовникот Галакси Актив го збогатува животниот стил на корисниците и го проширува нивното поврзување со беспрекорната интеграција на Галакси екосистемот. Компатибилен со Андроид и iOS, Часовникот Галакси Актив нуди тренинг во реално време, следење на активностите во затворен / отворен простор и популарни апликации од трета страна – вклучувајќи “Under Armor“, “Spotify“ и “Strava“. Корисниците може да ги користат нивните гласови за контрола на часовникот Галакси Актив - гласовните способности на Бигзби овозможуваат остварување повици или праќање пораки без држење на телефонот.


Галакси Фит (Galaxy Fit) и Галакси Фит Е (Galaxy Fit е): Секојдневен фитнес за сите

Направени за сите видови ентузијасти за фитнес, од луѓе кои понекогаш трчаат па сè до спортисти, Галакси Фит и Галакси Фит Е поддржуваат активни начини на живот. Со тенки, лесни тела, Галакси Фит и Галакси Фит Е се лесни за стилизирање и удобно носење во текот на цела недела.

Тенките и модерни Галакси Фит и Галакси Фит Е овозможуваат лесно и интуитивно следење за да помогнат на корисниците да ги достигнат нивните фитнес цели. Галакси Фит и Галакси Фит Е автоматски започнуваат да ја следат активноста при одење, трчање, возење велосипед, веслање, при користење елиптичен тренер2 или започнување секојдневен динамичен тренинг. Исто така, рачно може да се одберат повеќе од 90 различни активности од апликацијата Самсунг Здравје (Samsung Health) на паметениот телефон на корисникот, а Галакси Фит и Галакси Фит Е автоматски ќе почнат да ги следат избраните тренинзи. Воедно, со зголемената анализа на спиењето и паметното управување со стресот може да се следи благосостојбата на корисникот во секое време од денот.

Галакси Фит и Галакси Фит Е се лесни за интеракција и во движење, благодарение на едноставниот и интуитивен “UX“ и практичното паметно искуство. Корисниците можат да добиваат пораки и аларми или да го проверат графичкиот елемент кој ги вклучува информациите што се синхронизираат преку нивниот паметен телефон - како аларм, календар или време - без потреба од допирање на телефонот. При патување во нова временска зона, Галакси Фит автоматски ќе прикаже два часовника за да го олесни управувањето на распоредот. Двата уреди се водоотпорни на 5ATM3, што овозможува лесно користење во различни средини, од тушот до базенот, во секој период од денот.


Безжични слушалки Галакси Бадс (Galaxy Buds): Придружник во секојдневниот животен стил во увото на корисникот

Галакси Бадс се совршени безжични слушалки за сите оние кои сакаат беспрекорно поврзано искуство во движење. Со нивниот навистина удобен “форм“ фактор, лесни контроли, јасен и паметен звук и компактна големина - тие се придружник за секојдневниот живот на корисниците.

Безжичните слушалки Галакси Бадс нудат врвно искуство при слушање, со звук поддржан од АКГ (AKG). Подобрениот амбиентален звук овозможува јасно слушање на околината, дури и додека слушалките се во ушите на корисникот. На овој начин корисниците може да останат свесни за нивната околина, а во исто време да одговорат на телефонски повик или да ги слушаат омилените песни. Дополнително, премиум квалитетот на звукот е пресликан и на квалитетот на звукот на вашиот глас кој доаѓа од микрофонот. Адаптивниот двоен микрофон користи еден внатрешен и еден надворешен микрофон во секоја слушалка. Ова допринесува за јасен пренос на гласот на корисникот и во гласна и во тивка средина.

Безжичните слушалки Галакси Бадс може да се користат цел ден, овозможувајќи до шест часа пренос преку блутут и до пет часа активен разговор преку повик. Дополнително, нивниот компатибилен полнач овозможува полнење до седум часа4, што го зголемува користењето на Галакси Бадс слушалките до 1,7 часа со 15 минути брзо полнење. Со безжично полнење и споделување на енергија од уред до уред, исто така може да се добие брзо засилување на полнењето во движење со Самсунг Галакси С10 (Samsung Galaxy S10), Самсунг Галакси С10е (Samsung Galaxy S10е) и Самсунг Галакси С10+ (Samsung Galaxy S10+) - најновите паметни телефони на Самсунг.

Галакси Бадс се интегрираат со Бигзби (Bixby) на најновите Галакси мобилни уреди, што овозможува активирање на интелигентен асистент брзо и без држење на телефонот. Корисниците можат, на едноставен начин, со користење на нивниот глас да остварат повици, да праќаат текстуални пораки или да ја проверат батеријата на своите безжични слушалки.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...