ВИЦ

Наставничката го прашува Трпе:
-Купувам, купуваш, купува, купуваме, купувате, купуваат.Кое време е ова Трпе?
Трпе и одговара:
-Време на распродажба!

ТОП ВИДЕО

Неверојатен настап на натпреварувачка во една шпанска емисија. Каква концентрација, каков баланс...

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Сабота, 14 Април 2012 13:46 Здравје
Кофеинот и спортот го намалуваат ризикот од рак на кожа?

Новата студија која американските професионалци ја спровеле на глувчиња тврди дека кофеинот и вежбањето можат да го намалат ризикот за рак на кожата предизвикан од изложување на сонцето.

Доктор Јао Пинг Лу, вонреден професор за истражување во областа на хемиска биологија, неодамна го претстави своето откритие со зборовите дека „смета дека новите сознанија можат да се применат на луѓето и дека предвидува дека човештвото ќе има корист од тие комбинирани третмани“.

Лу и неговиоте колеги пронашле докази кои наведуваат на заклучок дека таложењето на масти и развојот на тумор се поврзани, како и дека вежбањето во комбинација со кофеин може не само да го спречи ракот на кожата, туку и процесите врзани за други видови рак кои се препишуваат на дебелоста.

Тие проучувале како кофеинот и вежбањето влијаат на глувчињата кои се одгледувани со висок ризик од рак на кожата.

Претходните студии покажале дека глувчињата на кои им е или дозволено да конзумираат кофеин или да вежбаат на тркало за вежбање имале помал број на случаи на рак на кожата.

Истражувачите глувчињата ги изложиле на ултравиолетово зрачење, компонента на сончевата светлина која предизвикува рак на кожата, а потоа ги поделиле во четири групи. Едната група глувчиња имала обична вода и немала тркало за вежбање (контролна група), другата група имала вода помешана со кофеин и немала тркало за вежбање, третата имала обична вода и тркало за вежбање, а четвртата вода помешана со кофеин и тркало за вежбање.

По 14 недели третман, истражувачите утврдиле дека бројот на немеланомни тумори во групата со кофеин и вежбање е помала за 62% во однос на контролната група.

Поголемиот број од овие тумори исто така се намалени за 85% во однос на оние кај контролната група. Резултатите покажале дека и кофеинот и вежбањето подеднакво имаат позитивен ефект, но во помала мерка отколку кога кофеинот и вежбањето се комбинираат.

Во споредба со контролната група (без кофеин и вежбање), дошло до 27% помалку активности на туморот и намалување на туморот за 61% во групата со кофеин без вежбање, а до 35% помалку активност на туморот и намалување на големината на туморот од 70% кај групата со вежбање без кофеин.

Во наредната фаза на експериментот, истражувачите ги хранеле глувчињата со храна богата со омега-6 масни киселини и го следиле ефектот на кофеинот без вежбање.

Истражувачите при тоа утврдиле дека кај групата со кофеин и вежбање дошло до големо намалување на мастите и преку 90% помало ниво на маркерот за ризични процеси, а развојот и големината на туморот исто така се намалени.

Истражувачите тврдат дека постои врска меѓу мастите, ризичните процеси и ракот - масното ткиво лачи соединенија кои доведуваат до ризични процеси, така што помалку масти подразбира и помалку ризични процеси.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Исончаната кожа изгледа навистина убаво, но како што веќе сигурно знаете, сонцето е...
Кадравата коса, дури и повеќе од другите типови на коса, и треба правилна и индивид...
Користењето на мобилен телефон може да предизвика зголемен крвен притисок, а тоа ве...
Жените кои ќе се разболат од грип за време на бременоста, имаат четири пати поголем...
Новата диета, наречена "3 часа" се базира на тоа кога јадете, а не што јадете...
Жените на 30-годишна возраст имаат доста предности, вклучувајќи го и својот изглед,...

24FUDBAL.com.mk

Медиумите од Италија пренесуваат дека лидерите на Јувентус бараат начин д...
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ верува дека Кристијано Рона...
Јирген Клоп вели дека првиот натпревар не одлучил ништо, резултатот ја ст...
Тренерот на Шахтјор, Мирчеа Луческу верува дека победникот од дуелот со Б...

Mobile24.mk

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Hobo
Jet Velocity 2
Tattoo Artist 3
Super Mario Cross
Jelly Tower
Prizma Puzzle Challenges

Hot & Sexy

Koмплетната листа на стоте најсексапилни жени за исто толку секунди. Нема на што......
Погледнете ја оваа секс бомба како да лебди во воздухот...
Оваа прекрасна дама ќе ве излуди со играта на своите усни...