Saturday, 12 April 2014 10:34 Здравје

Џејси Дево од Калифорнија има само 12 години, а веќе завршила курс по јога и добила сертификат од учителот за ова вежбање...



Таа сега е најмладиот инструктор по јога во САД, а и пошироко, која наскоро треба да започне да им предава и на возрасни луѓе.

„Сакам да го работам ова веќе подолго време, затоа што обожавам да предавам“, вели Џејси.



Нејзините ученици се најчесто деца од 4-6 години, а меѓу децата има и тинејџери. Интересно е тоа што нејзиниот брат близнак Фишер е страствен сурфер, додека нејзиниот 15-годишен брат Рајрдер е професионален сурфер и страствен риболовец.

„Научив пози кои ќе им одговараат на луѓето што имаат некакви повреди и оние што сакаат да спречуваат такви повреди“, рекла младата инструкторка по јога.



Татко и Рик рекол дека воопшто не е изненаден со нејзиниот избор, затоа што нејзината духовна страна е многу изразена и секогаш ја импресионирале природата и месечината. Тој и неговата сопруга Џули имале необични методи на воспитување.

„Децата одат само три дена неделно на училиште. Им велиме: `Мора да смислите со што ќе се занимавате, имате четири дена за тоа`“, рекол Рик.



Така Џејси и нејзините браќа одбрале, но Џејси сепак не заостанува на училиште поради јогата и не заборава ниту една домашна задача.

Секое утро пред да оди на училиште еден час и повеќе практикува јога, па оди на часови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...