Wednesday, 23 April 2014 13:26 Здравје

Во Јужна Кореја пластичните хирурзи се многу добри, толку добри, што создаваат неочекувани проблеми кај нивните пациенти, кои не се поврзани со здраствената состојба...

Луѓето кои патуваат во странство, за да се подложат на пластична операција, понекогаш се враќаат толку променети што вработените на границата тешко ги препознаваат по сликите во личните документи. Затоа некои болници издаваат "Сертификати за пластична хирургија" на своите пациенти. Овие документи докажуваат дека лицето на сликите во личните документи и лицето пред очите на претставниците на властите е едно и исто. Во сертификатот се запишува бројот на пасошот на пациентот, името на болницата, каде е извршена операцијата и времетраењето на престојот во болницата.



Во 2009 година 23 кинези се соочиле со проблеми на враќањето од Јужна Кореја откако се подложиле на пластична операција. Лицата биле запрени на пасошката контрола, бидејќи според вработените имале поголеми очи, повисок нос или потесни бради, отколку на сликите во нивните пасоши. По минувањето низ долгите проверки, лицата се пуштени во Кина со препорака да ги сменат документите за лична идентификација.

Јужна Кореја брзо се претвори во центар на пластичната хирургија. Во оваа земја се вршат најмногу козметички процедури по глава на жител, покажуваат податоците на Меѓународното здружение на естетските хирурзи. Еден на секои 77 луѓе во Јужна Кореја легнува под нож, за да го подобри надворешниот изглед. Околу 20% од жените на возраст помеѓу 19 и 49 година во Сеул признаваат дека се подложува на барем една од најраспространетите процедури, како отстранување на вишокот кожа на горниот очен капак, за да очите изгледаат поголеми и повеќе "западни ".

Се смета дека музичката индустрија има голем придонес за развојот на пластичната хирургија. Многу пациенти одат во клиниките со слики на познати личности и сакаат да имаат американски тип носеви и очи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...