Friday, 21 November 2014 09:44 Здравје

Австралискиот режисер и актер Дејмон Гамо во својот документарен филм „The Sugar Film“, дошол до неверојатно откритие...



Гамо држел диета 60 дена и јадел (наводно) само здрава храна со низок процент на масти, но со голем процент на шеќер, пишува Дејли Мејл. Наскоро бил шокиран. После неколку недели Гамо почнал да се чувствува депресивно, па така лошото расположение продолжило во текот на целиот експеримент. Гамо постојано конзумирал овошни сокови, житарици и спортски пијалоци, па така неговата здравствена состојба постепено се влошувала.

Наскоро добил болест „масти на црниот дроб“, која инаку се појавува поради дебелина, алкохолизам и шеќерна болест. Таа настанува поради насобирање на масти во црниот дроб, кои 5% од нив преминуваат во вкупната тежина на ткивата на црниот дроб.

Три години пред да го направи овој експеримент, Гамо избегнувал да јаде слатки, кои потоа почнал да ги воведува во својата исхрана, како подготовка за експериментот.

„Не пиев газирани пијалоци, не јадев чоколадо, сладолед и останатите слатки. Внесував шеќери од ткн. `здрава храна`, нискокалоричен јогурт, плочки од житарици и различни спортски пијалоци, односно храна која родителите им ја даваат на своите деца мислејќи дека со тоа им прават добро“, рекол Австралиецот во филмот.

Резултат од оваа исхрана се 10 см повеќе сало околу половините, докторот ги опишал неговите ментални функции како „нестабилни“. За време на диетата конзумирал 40 лажички шеќер, иако дневната препорака за мажи е 9, а за жени 6 лажички.

„Не мислам дека треба да престанеме да јадеме шеќер, но треба да обрнеме внимание на фактот дека шеќерот се наоѓа во 80% од преработената храна“, препорачува глумецот.

Премиерата на документарниот филм „The Sugar Film“ ќе биде во јануари. Видеото можете да го погледнете на овој линк.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...