Saturday, 27 June 2009 03:23 Култура
Поетот Никола Маџиров се наоѓа меѓу најголемите поети...

 

Поетот Никола Маџиров, вечерва ќе одржи читање во Берлин, заедно со моментно најпреведуваниот украински поет Јури Андрухович, како и со еден од најистакнатите германски поети Уве Колбе. Домаќини на вечерта ќе бидат уште тројца германски автори, припадници на најновиот бран германска поезија. Традиционалната поетска вечер, која е наречена "Долга ноќ на поезијата" се одржува еднаш годишно во Берлин, во библиотеката "Васертурм". Песните на Маџиров ќе се читаат на македонски и германски јазик, во превод на Александер Зицман, а вечерта ќе настапи берлинскиот композитор Ф.С. Блум, ексклузивец на авангардната издавачка куќа "Мор Мјузик". Како прв македонски добитник на книжевната стипендија "Тандем" за автори од Централна и Источна Европа, Никола Маџиров одржа читање и во култното берлинско арт-кафе "Бургер", заедно со германските автори Даниела Штел и Нора Босонг. Никола Маџиров е објавуван во повеќе списанија и антологии на германски јазик, а добитник е и на наградата "Хуберт Бурда" во 2007 година, кога член на жирито беше неколкукратниот кандидат за Нобеловата награда за литература Петер Хандке.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...