Thursday, 22 August 2019 20:29 Фудбал

Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоби со сериозна повреда која на подолг период го оддалечи од терените, меѓутоа оваа сезона се враќа на големата сцена.



Ливерпул потврди дека фудбалерот од средниот ред Алекс Окслејд-Чемберлејн ја продолжи соработката со клубот откако потпиша нов договор на подолг рок.

Премиерлигашот денеска и официјално објави за постигнатиот договор со Чемберлејн, кој на „Енфилд“ се обврза на верност до 2023. година, самиот тој вели дека е возбуден од тоа што преговорите завршиле успешно.

„Јас сум навистина возбуден, извесен период ова беше неизвесно, меѓутоа убаво е што конечно работата заврши на ваков начин и го продолжив мојот престој тука, подготвен сум за предизвиците кои претстојат“ рече Чемберлејн по потписот на новиот договор со европскиот првак.

„Чувствувам на себе дека пропуштив цела година, што всушност и се случи, така навистина сево ова е возбудливо за мене што бев во можност да потпишам нов договор, ова го чувствувам како можност да постигнам нешто што година претходно не можев да го остварам и да надоместам за загубеното време“ додаде тој откако оваа сезона се враќа на големата сцена по големите проблеми со повредите од минатата сезона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...