Monday, 09 April 2012 16:13 Култура

Повеќе од 200.000 документи за Титаник станале достапни на интернет денеска.

Како што јавува агенцијата AFP, збирката, по повод 100 години од потонувањето на познатиот брод, ја поставил британскиот сајт за истражување на семејни стебла Ancestry.co.uk.

Меѓу документите е листата на патници, како и тестаментот на Едвард Смит, капетанот на бродот и американските богаташи Бенџамин Гугенхајм и Џон Џејкоб Астор.

Тие биле меѓу 1.500 патници и членови на екипажот кои умреле кога бродот на 15 април 1912 година, за време на својата прва пловидба, удрел во леден брег и потонал.

Збирката содржи и повеќе од 300 досиеја на паталози, извештај за 328 тела пронајдени во морето, како и фотографии од надгробните споменици на 121 патници на бродот.

Банката податоци, која може да се консултира бесплатно до 31 мај, исто така содржи листа на патниците од Карпатија, бродот кој му помогнал на Титаник и спасил околу 700 патници.

„Многу семејства со генерации слушале дека некој нивни предок можеби бил на Титаник. Навистина ни е мило што можеме да ви пружиме пристап до овие драгоцени документи и со тоа да им овозможиме на многумина да ја откријат приказната за трагичното патување на својот предок“, рече претставничката на сајтот, Мирјам Силверман.

Годишнината од потонувањето на Титаник се обележува со разни манифестации - проекција во 3D техника на филмската епопеја на Џејмс Камероно од 1997 година, емитување на британската телевизиска драма во 86 земји и со низа нови книги и музика.

Патнички брод со потомци на некои од жртвите од поморската трагедија исплива во сабота од Саутхемптон по маршутата на Титаник.

Според официјалната британска истрага од 1912 година, од Титаник успеале да се спасат 711 патници.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...