Tuesday, 26 March 2013 17:10 Култура

... читај ги писателите од САД. Една студија покажала дека американските писатели, барем кога станува збор за емоциите, се километри пред затворените, стиснати Британци.

Четири академици од универзитите во Бристол, Стокхолм, Шефилд и Дарам своите забелешки ги собрале во студија наречена „Изразување на емоциите во книгите на 20 век“. Квартетот го проучувал бројот на „зборови на расположение“ со кои се изразуваат силни чувства - бес, гадење, страв, радост, тага и изненадување и споредил колку пати се појавуваат во „четири проценти од сите книги“, објавени меѓу 1900 и 2008.

Студијата опфатила океан книги и зборови од кои авторите издвоиле неколку интересни генерализации. Високиот или нискиот број на „зборови на расположение“ како радост или тага во 20 век зависел од тоа дали писателите работеле во „среќни“ или „тажни“ периоди.

Минатиот век за Британците почнал прилично бедно, со смртта на кралицата Елизабета, потоа го достигнал врвот на расположението во дваесетите години на минатиот век благодарение на џезот, а потоа во четириесетите повторно паднал во длабочините на очајот (војна, сиромаштија), за во шеесетите да пронајде стабилност.

Интересно е што од шеесетите американските книги се „посреќни“ во споредба со британските. Зборовите кои го одразуваат личното его (независен, индивидуа, јас, лично) буквално прогалопирале низ американските книги додека старовремските чувства од типот „обединети стоиме“ исчезнале. Егоманијата на Америка во седумдесетите траела до крајот на векот што се гледа и во книгите опфатени во студијата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...