Tuesday, 26 April 2011 08:51 Култура

Како и кај секој друг верски празник, така и кај Велигден постојат работи кои можеби до сега не сте ги знаеле...

Црквениот Собор во Никеја дури во 325 година одлучил Велигден да стане вистински христијански празник, тоа е позната работа, но помалку е познато дека одредиле да се слави првата недела по полниот месец кој паѓа после 21 март, односно еквиноцијата.

Украсувањето и дарувањето јајца на Велигден со векови била традиција во Египет, Грција и Рим, како симбол на животот. Многу рани христијани разменувале црвени јајца како симбол за крајот на Исусовиот живот и неговото воскресение.

Митот за велигденското зајаче, според некои извори, потекнува од стара германска приказна зе жена која ги украсувала јајцата и ги оставала насекаде за децата да можат да ги пронајдат.

Дали знаевте дека првите велигденски кошнички во кои се држеле вапсани јајца, всушност требало да претставуваат птичји гнезда? Со текот на времето таа перцепција избледела и денеска кошничката не е ништо повеќе отколку тоа што е.

Според некои тврдења, англискиот збор за Велигден, Easter, потекнува од зборот Eastere, која претставува англо-саксонска божица која симболизира зајак и јајце.

Во Русија и кај нас се слави Лазарова сабота, една недела пред самиот Велигден, на кој ден православните христијани се присетуваат на воскресението на Лазар, кој од мртвите го вратил самиот Исус Христос.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...