Tuesday, 16 April 2013 09:02 Филм

Бредли Купер и Џенифер Лоренс освоија по две награди на церемонијата на доделување на филмските награди на MTV во Лос Анџелес...

Тие ги добија статуетките за најдобра машка и најдобра женска улога за учество во "Прирачник за оптимисти", а подоцна ја зедоа и наградата за најдобар бакнеж од истиот филм. При донесувањето на втората статуетка Купер изјави: "Џенифер не е тука, но беше одлично да ја бакнувам".

Адам Сандлер и Крис Рок се качија на сцената, за да ја врачат наградата во форма на кутија златни пуканки на Џејми Фокс и Семјуел Л Џексон за најдобар WTF момент за "Џанго без окови". Зое Салдана, Закари Кинто и Крис Пајн ја објавија наградата за кастингот на "Одмаздници" за најдобри борбени сцени. Таа беше прифатена од Том Хиделстон, Џос Ведон, Крис Еванс и Семјуел Л Џексон.

Подоцна Џос Ведон ја однесе статуетката и за филм на годината за "Одмаздници", а наградата му беше врачена од Бред Пит.

Том Хиделстон ја зеде наградата за најдобар негативец за улогата на Локи во "Тор", а водечката Рибел Вилсон ја однесе статуетката за пробив за улогата во "Целосно совршено" и ја сподели наградата за најдобро музичко претставување со своите колеги од истиот филм.

Актерот од "Самрак" Тејлор Лаутнер ја однесе наградата за најдобро претставување без кошула и се пошегува дека староста се одразува на неговата импресивна физика. "За сите нас, актерите без кошули, тоа е нешто како да заработите Оскар", рече тој со насмевка.

Џејми Фокс ја доби наградата MTV Generation award, втората за него за вечерта. А Вил Ферол ја однесе статуетката за комичен гениј.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...