Wednesday, 29 May 2013 18:05 Филм

Светот е фасциниран од новиот филмски хит „Големиот Гетсби“, кој навистина ги освои срцата на многу фанови...



Освен визуелниот спектакл, луксузните костими и сценографија, асоцијација за „Големиот Гетсби“ е главниот актер во овој филмски спектакл.

38-годишниот Леонардо ди Каприо е многу повеќе од убаво лице: во последните неколку години заслужено се качува кон врвот на холивудската елита.

Брилираше во повеќето свои филмови, а така е и во случајот со последниот, „Големиот Гетсби“!

Освен неговиот неоспорен актерски талент, заводникот ди Каприо е омилен и кај женската публика - безброј пати е прогласен за најсекси маж, најпосакуваниот ерген и други ласкави титули.

Леонардо со задоволство дискутира за неговите улоги, актерски предизвици, додека неговиот приватен живот не му е баш омилена тема.

Судејќи по неговите врски, јасно е дека сака русокоси и манекенки!



Беше во долга врска со Жизел Бундхен. Се свршија, но прекинаа во 2005 година. Потоа ја заведе Бар Рефаели, Блејк Ливли, Ерин Хетертон, актерката Маргот Роби, а како што се шпекулира сега е во врска со 20-годишната манекенка Тони Гарн.

И покрај своите љубовни освојувања, Ди Каприо постојано го надоградуваше своето актерско знаење и искуство. Светот полуде по него кога 1997 година го глумеше Џек во хитот на сите времиња „Титаник“. Со руса коса и сини очи стана тинејџерски секс симбол!

Во последните неколку години го подобри својот актерски занает во реномираните филмови како „Бандите на Њујорк“, „Фати ме ако можеш“, „Авијатичарот“ и многу други.

Покрај тоа, Ди Каприо е добро познат еколошки активист, а голем број здруженија го одобрија неговиот избор да лета со комерцијални летови наместо со приватни чартер летови, кои трошат повеќе гориво. Тој го купи островот во Белизе, каде што планира да изгради еко-пријателско одморалиште.

Едно е сигурно: Леонардо ди Каприо има талент, добар изглед, интелигенција - навистина посебна холивудска ѕвезда!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...