Monday, 03 June 2013 15:57 Филм

Ема Стоун и Ендрју Гарфилд покажаа дека нивната љубов е се уште огнена...



Актерката Ема и актерот Ендрју се снимени како разменуваат страсни бакнежи на пауза за време на снимањето на филмот „Неверојатниот Спајдермен 2“.

Како за претходниот филм, така и за продолжетокот на Спајдермен се предвидува голем успех. Двајцата актери освен во филмот, се љубат и во приватниот живот, поради што добија уште повеќе фанови!



Двојката се сретна за време на снимањето на „Неверојатниот Спајдермен“, уште во 2010 година. Двајцата ја добиле улогата токму заради тоа што режисерот ја забележал неверојатната хемија помеѓу нив. Наскоро тие станале пар и во нивниот приватен живот.

Филмот е продолжение на кино хитот снимен според стрипот Марвел, каде главна улога е Питер Паркер, односно, Спајдермен го глуми Ендрју Гарфилд. Ема Стоун ја игра љубовта на Питер од средно училиште, Гвен Стејси.



Во продолжението на филмот се вклучени и Џејми Фокс, Мартин Шин, Пол Џамати и многу други. Филмот ќе излезе во кината во 2014 година. Режисерот Марк Веб најавува жестока акција и напната атмосфера во работата, додека Спајдермен го спасува светот од лошите!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...