Tuesday, 02 July 2013 18:05 Филм

Во судницата во Лос Анџелес, сите очи беа вперени кон 35-годишното некогашно дете ѕвезда, Едвард Фурлонг...



Актерот избегна затвор, пуштен е на условна казна поради физички напад врз поранешна девојка. Има голем борј на коментари дека Едвард не е дури ни сенката од она што беше порано како дете.

Едвард стана познат со улогата на Џон Конор во култниот филм „Терминатор“. Тој изминатите неколку години го избегнува Холивуд.



Тој се појави на суд со долга коса врзана во репче, а темните подочници лесно видливи на неговото лице се доказ дека животот на Фурлонг не бил баш лесен.

Во неколку наврати и самиот призна дека врз неговиот физички изглед влијаеле неговата долгогодишна „зависност“, поради што бил неколку пати на лекување. Во 1997 година се пријавил прв пат на рехабилитација за зависници од алкохол, а неколку години подоцна и поради зависност од кокаин.



„Бев зависник од кокаин и хероин, тоа беше многу тежок период. Сега воопшто не размислувам на забава. Се чувствувам осамен кога посетувам клубови и кога консумирам кокаин. Имам кошмари од тоа, се будам и мислам дека повторно паѓам под влијание на дрога“, признал тој во интервју за магазинот „People“. Фурлонг додава дека има уште еден порок, се уште пуши околу 40-60 цигари дневно.

Во прилог на неговата улога во „Терминатор“, Фурлонг стекна слава и во филмовите „Little Odessa“, „American history X“, „Before and After“ и многу други.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...