Monday, 15 July 2013 18:33 Филм

Познатиот актер имал тешко детство, цел живот се борел да постигне нешто во животот...



Австралискиот актер Хју Џекмен Хју е вистинска инспирација! Тој денес е еден од најуспешните актери во Холивуд, доби Оскар, а е подеднакво успешен и во театарот во Бродвеј, во акциони филмови и мјузикли.

Не му било воопшто лесно. Најтешкиот дел му бил кога имал 8 години, кога неговата мајка го напуштила.

„Ме испрати на училиште со пешкир замотан околу нејзината глава. Кога се вратив дома, неа ја немаше. Два дена подоцна добивме телеграма во која пишуваше дека е во Англија. Требаше да поминат 2 години да сфатам дека нејзината посета во Англија не беше привремена“, се присетува Хју во интервју за Дејли Меил.



Остана во родниот град Сиднеј со неговиот татко Крис и четирите браќа и сестри, а подоцна, сепак се помирил со неговата мајка.

„Подоцна, повторно се поврзав со мајка ми. Се гледаме 4-5 пати годишно“, рекол тиј, и додава дека денес познатиот актер за време на растењето имал затегнати односи со неговиот постар брат, кој го злоставувал и тепал.

Хју вели дека неговата улога како Волверин во серијалот „X-Men“ била прилично иста како и неговото лично искуство.



„Секој тинејџер се чувствува маргинализиран, како мутантите во X-Men“, раскажува актерот, кој го снима 7-мото продолжение на серијалот.

Кога глумам се замислувам како се борам со својот постар брат. Тој ме именуваше со погрдни имиња и постојано ме задеваше, бидејќи бев заинтересиран за танцување и глу“, раскажува Хју.

Денес тој е успешен уметник во долгогодишен брак со Дебора Ли Фурне, со која има две посвоени деца. Хју работел напорно за да го постигне денешниот статус што го има и затоа е вистинска инспирација - никогаш не треба да се откажете од своите соништа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...