Thursday, 18 July 2013 17:38 Филм

Телевизискиот трилер „Американска хорор приказна: Лудило“ и средновековната сага „Игра на престоли“ предводат во номинациите за овогодинешните Еми награди за најдобра програма во ударно време...



Најмногу номинации, дури 17, меѓу кои вклучувајќи ја најдобрата мини-серија, доби „Американска хорор приказна: Лудило“, серија на телевизиската станица FX, чија работа се одвива во институција за ментално пореметени криминалци во 1964.

Мегапопуларната серија на HBO, „Игра на престоли“ е номинирана во 16-та категорија, вклучувајќи ја и за најдобра драмска серија. По оваа следува „Татковина“, која е апсолутен победник од минатата година, со номинации во 11-та категорија, вклучувајќи ја и онаа за најдобра драмска серија.

За прв пат, меѓу номинираните се најде и американскиот сервис за онлајн гледање и изнајмување на филмови Netflix и тоа со политичката драма „Куќа од карти“. „Куќа од карти“ освои 9 номинации, прогласувајќи го за најдобра драмска серија и за најдобри глумци - Кевин Спејси и Робин Рајт.

Во категоријата за најдобра хумористична серија најмногу номинации доби телевизиска серија на NBC „Телевизиска работа“, вкупно 13, прогласувајќи ја за најдобра хумористична серија и за вмрене на емитувањето на последната сезона. Творецот и ѕвездата на серијата, Тина Феј и нејзиниот колега, актерот Алек Болдвин „заработиле“ номинации за Еми во категоријата на најдобри актери во комедија.

„Модерна фамилија“ на ABC е голем победник од минатата година, номинирана е во 12 категорија, прогласувајќи ја и за најдобра хумористична серија.

Филмската драма на HBO „Зад свеќникот“, во која е опишан животот на пијанистот Либрес, освои 15 номинации, а актерот Мајкл Даглас, како Либрес и Мет Дејмон ќе се натпреваруваат за Еми наградата за најдобри главни актери за минисерија или филм.

Еми наградите се водечки американски награди за телевизиската продукција кои ги доделува Академијата на телевизиските науки и уметности. Оваа година, прогласувањето на победниците и свеченото доделување на 65 Еми награди ќе се одржи на 22 Септември, со пренос на телевизиската мрежа CBS.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...