Friday, 22 November 2013 14:58 Филм

Првата сапуница настанала во 1950 година, во бразилско - мексиканско - кубанска копродукција, кои тогаш владееле во многу домови ширум планетата...



Станува збор за теленовели, но ние преферираме да ги нарекуваме сапуници, иако има разлика помеѓу овие два жанрови. Но, за тоа друг пат, сега ќе ви откриеме кои пет земји обожаваат сапунски опери.

Бразил

Сапуниците од најголемата земја во Јужна Америка се значително поразлични од останатите. Тие на реален начин се обидуваат да го покажат луксузот во бразилското општество, а и сиромаштијата. Познато е дека бразислките сапуници се најскапи. Некои од класиците на овој жанр кои потекнуваат од земјата на фудбалот и Самбата се "Escrava Isaura", "Malhacao"(се емитува веќе 18 години), "Belissima", и.т.н.

Мексико

Во овие сапуници обично се работи за љубовен пар кој се соочува со проблеми, неволји и пречки во љубовта од прва до последна епизода. Овде секогаш постои негативец кој на крај секогаш завршува лошо, а двојката секогаш живее долг и среќен живот на крај како во бајките. Најпознати се "La usurpadora", "Esmeralda" и други.



Венецуела

"Amor Comprado", "Dulce Enemiga", "Pecado de Amor" се сапуници кои доаѓаат од земјата која има најмногу освоени титули за Мис на светот, Венецуела. Голем дел од сериите се извезуваат дури и во САД, а оваа земја очигледно е позната по своите убави жени и нафтеното богатство, кои се едни од најголемите производители на овој жанр на светскиот пазар.

Германија

Да, добро прочитавте, Германија. Ниту земјата на пиво и колбаси не ја издржала „бурата“ од сапуници. Долго време одолевала, се до пред 9 години, кога конечно почнала да произведува свои серии.

Филипини


Дури ниту оваа далечна азиска земја не останала изолирана од сапуници. Форматот на филипинските серии се речиси еднакви со оние на мексиканските, па според тоа тие се фокусирани на љубовните парови кои треба да преминат преку сите проблеми за на крај да бидат среќни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...