Friday, 27 July 2012 13:26 Занимливости

Можете ли да го замислите летото без барем еден пар бели чевли? Сепак, за да носите бело мора да сте добро вооружени со трпение и знаење за да може белата боја на вашите обувки да остане чиста. Еве некои трикови за чистење...

Платнени обувки

Не плашете се да ги перете во машина за перење обувките кои одлично поднесуваат прашоци за перење, како и детергенти за отстранување на дамки. Но, што и да правите со нив во машината за перење, не ги оставајте да се сушат во автоматска машина! Сонцето ќе си ја заврши работата.

Велур

Задолжително купете си четка за велур и секој пат пред и по излегување четкајте ги обувките. Ќе се зачудите колку многу прав и нечистотија можете да симнете со неколку едноставни движења. Исто така може да користите и спреј за велур, кој ќе ги штити обувките од оштетувања за подолго време.

Кожа

Кожените чевли се чистат лесно - со мокро марамче избришете ја секоја нечистотија (така чистете ги и лакованите) и откако кожата се исуши поминете ја со бела боја за чевли.

Гумени чевли

Гумата исто така се чисти и одржува лесно. Потопете во топла вода со прашок или течен детергент за перење растворен во неа. Со помош на четка или сунѓер за чинии исчистете убаво. Ставете ги на сонце додека се исушат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...