Недела, 06 Септември 2009 17:57 Македонија
Запознајте ја МАКЕДОНИЈА
10 работи кои не сте ги знаеле за Македонија...

Правиме скапи реклами, плаќаме високи цени да рекламен простор по познати светски телевизии, со цел странците да ја запознаат нашата земја. Но дали ние самите си ја знаеме нашата земја и нашата историја? Еве ноколку факти кои сигурно не сте ги знаеле до сега:

1.Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

2. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости.

3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. Македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

4. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

5.Според НАСА, Кокино е четврти на листата најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat, Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

6. 50 година по Христа, Апостол Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13“ пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите: Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над  Македонија.

7. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот,т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

8. Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000. Според  наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметноство светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

9.Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа Охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кои се со светска важност.

10. Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

Bookmark and Share

Последно од оваа категорија

Во некои училишта во Македонија наставничките добиле забрана на работа да облекуваа...
Како и секоја година, Коста Бургов ви подарува календар...
Три девојки и еден дечко од Штип се степале поради закажаниот групен секс...
Девојче од Република Македонија, кое има 13 години е најмладиот регистриран алкохол...
Македонскиот новинар Зоран Божиновски го препознал Загреб како најсигурно место за ...
Вакво нешто се нема случено во Македонија...

Mobile24.mk

24FUDBAL.com.mk

Андре Вилаш Боаш е свесен дека неговиот поранешен ментор Жозе Мурињо е по...
Дејвид Бекам вели дека неговата фамилија била причината поради која одбил...
Роберто Манчини не ја отфрла можноста Карлос Тевез одново да заигра за Ма...
Карло Анчелоти не крие дека го посакува Кака во ПСЖ и вели дека тие ќе се...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Risky Rider 2
Melon Mango Mayhem Game
Dino Panic
Diamond Dan
Bike Mania Arena
Crop Defenders

Hot & Sexy

Скриената камера секогаш е занимлива идеја. Поготово кога тема е нешто убаво и секс...
Моника Вајс во фотосесија за бикини...
Сексипилна девојка пред веб камера...