Saturday, 06 October 2018 09:59 Македонија
Ова важи за сите граѓани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и за граѓаните на ЕУ...

Првата од многуте олеснителни околности која го прави студентскиот живот поубав и полесен, се целосно бесплатните студии на сите државни факултети и високи школи во Словенија.  Покрај прашањата поврзани со уписите, се појавува уште едно многу важно прашање поврзано со секојдневниот живот – каде ќе живеете?   Заинтересирајте се и за кариера за време на студиите: каде да почнете, што да работите за време на студиите или што ќе работите по завршувањето за факултетот.

Студиските програми во Словенија се реализираат на 5 универзитети, 48 самостојни восокообразовни установи и 46 високи школи според Болоњскиот систем, а секојa студискa програмa е акредитиранa од Министерството за високо образование, наука и технологија. Словенија нуди извонреден квалитет на високото образование за сите идни бруцоши, а за сите државјани на Република Македонија студиите се целосно бесплатни!

При запишувањето на високообразовните системи во Словенија, во најголемиот број на случаи не е потребно да се полагаат приемни испити (освен на уметничките факултети), ниту испит за познавање на јазикот. Тоа значи дека идниот студент, како и неговите најблиски, се ослободени од дополнителни грижи.

По запишувањето на еден од факултетите, студентите врз основа на студиите добиваат дозвола за престој, која ќе им овозможи поголема мобилност во шенгенската зона.  Љубљана како главен и најголем град во Словенија  има одлична инфраструктурна поврзаност со сите европски дестинации и е одлична појдовна точка за некоја идна студентска авантура.

Дипломата придобиена во Словенија е признаена во ЕУ и скоро во сите останати држави во светот. Студентите од Македонија кои ќе ги завршат студиите во Словенија ќе имаат повеќе шанси за идеално вработување во своите земји, но и подобар пласман на светскиот пазар на тудот, доколку се одлучат да продолжат понатаму.

За разлика од повеќето земји на ЕУ, студентите во Словенија можат да работат легално преку агенцијата Студентски сервис. Заработените пари можат без проблем да им ги покријат сите студентски трошоци. Деловниот ангажман преку овој сервис за многу студенти претставува и нивно прво работно искуство во ЕУ.

Словенија како силна социјална држава ја субвенционира прехраната на своите студенти. Ова значи дека за цена од само неколку евра, студентите може да јадат во некои од најдобрите ресторани или доколу немаат време да јадат во некои од бројните вериги за брза храна. Иако месечните карти за градски превоз се истотатка субвенционирани, омиленото средство за превоз на многу студенти е велосипедот. На сите студенти во Словенија им се достапни и многубројни меѓународни програми за размена, а најпозната меѓу нив е Erasmus+.

За студентите од бивша Југославија културната и јазичната бариера е минимална.  Словенечкиот јазик е многу сличен со јазиците на државите од Западен Балкан и брзо се учи. Но, заради желбата за интернационализација на своите високообразовни институции се повеќе студиски програми на словенечките факултети се достапни и на англиски јазик.

2ТМ им нуди на странските студенти и посетување на курсеви по словенечки јазик, со цел полесно да го совладаат словенечкиот јазик, на ниво што ќе им овозможи целосно да го разберат наставниот материјал, да комуницираат со колегите и професорите, итн. 2ТМ соработува само со акредитирани предавачи и јазични училишта. Благодарение на тоа квалитетот на наставата е загарантиран.

Студентите кои ги користеле услугите на 2ТМ велат дека се исклучително задоволни со квалитетот на студиските програми, но и од начинот на живот во Словенија. Секоја година успешно се запишуваат се повеќе странски студенти, ако сакате да се запишете, контактот е: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . 2ТМ може да го најдете и на нивната Facebook страница.  

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...