Tuesday, 31 December 2013 14:02 Музика

Со користењето на аудио снимки од неуспешната вселенска мисија на леталото „Challenger“ во новата песна „XO“, Бијонсе ја налутила НАСА...



Реакциите не престануваат, а пејачката вели дека нема причина да се лутат, песната му е посветена на екипажот и нивната мисија со добра намера.

„Бевме разочарани кога дознавме дека снимката кога изгубивме херој од екипажот на „Challenger“ е ставена во песната „XO". Моментот во песната е емоционално тежок за секој што има семејство, колеги и пријатели кои учествувале во оваа мисија“, изјавила Џун Скоби Роџерс, вдовица на пилотот од „Challenger“, Дик Скоби.

Еден од астронаутите што се пензионирал после оваа мисија, Клејт Андерсон, рекол дека песната на Бијонсе е бесчувствителна.

„Сочувствувам со семејствата кои ги изгубија своите блиски во несреќата на „Challenger“. Песната „XO" е снимена со најискрена намера да им помогне на оние што изгубиле некој и да нè потсети дека секогаш може да се случат непредвидени работи. Пораката е дека треба да ја сакаме и да ја цениме секоја минута што ќе ја поминеме со оние што ни се најважни“, одговорила пејачката на обвинувањата.

Несреќата на спејс-шатлот „Challenger“ се случила во 1987 година, кога загинале седум членови од оваа мисија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...