Thursday, 12 March 2015 14:03 Вести

Судот во американскиот Сан Хосе, кој функционира според калифорниските закони, донел пресуда според која Facebook ќе мора да се појави во судница поради тужба...



Тужбата е поднесена од родителите на децата што трошеле пари од кредитните картички на родителите за виртуелни игри. Случајот е започнат од 2012 година и предизвикал голем број на контроверзии, но, приказната само што почнува да се расплатува. Двете страни започнале жестока борба. Родителите прво барале поврат на пари од Facebook, но, компанијата ги одбила сите нивни барања, повикувајќи се на своето правило, „сите продажби се конечни“, но, судот размислува поинаку за ова.

Според наводите на окружната судијка, Бет Лабсон Фриман, Facebook го прекршил законот на Калифорнија и сега го очекува тужба на национално ниво. Се работи за неколку стотици илјади оштетени луѓе. Доколку Facebook ја изгуби оваа парница, конечниот износ би можел сериозно да ги потресе темелите на компанијата, а не треба ниту да се сомнева дека во тој случај тужбите ќе се дисперзираат и во цел свет, зависно од законските регулативи.

Од Facebook сметаат дека не постои нивна вина, додека Џ.П.Паркер, обвинителот, изјавил: „Разликата помеѓу Facebook и другите компании, е тоа што тие децата ги сметаат како и возрасните корисници кога станува збор за наплата, без разлика на нивните декларативни возрасни ограничувања“.

Според информациите од обвинителството, не се работи за групна тужба, туку секој случај ќе биде индивидуално разгледуван, но, нема дилема дека сето ова е потенцијално опасно за Facebook.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...