Monday, 14 February 2011 11:22 Шоу Бизнис

Синоќа во Стејплс Центар во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми наградите по 53 пат, од нивното прво прикажување во 1958 година...

Беа доделувани награди во многу категории, како и секоја година, но оваа година друга „дама“ владееше со сцената.



Лејди Антебелум беа најсреќните синоќа, освојувајќи дури 5 награди, вклучувајќи ги Албум на годината, Песна на годината и Снимка на годината.

Дејвид Фрост исто така добро помина, со освоени 4 награди.
Џеј-Зи освои три награди, и тоа за Најдобра соработка за песна, Најдобро рап изведување од група или дуо и Најдобра рап песна.



Лејди Гага не може да се пофали со добар „улов“ годинава, кога ќе ја споредиме со останатите, меѓутоа и самата однесе три награди дома, и тоа за Најдобар поп вокал албум, Најдобра женска поп вокал изведба и Најдобра кратка верзија на музичко видео.

Џеф Бек и Џон Леген исто така освоија по три Grammy награди.

Еминем освои две награди, и тоа Најдобар рап албум и Најдобра соло рап изведба.



Алиша Кис ги однесе наградите за Најдобра соработка за песна и Најдобра рап песна (заедно со Џеј-Зи за Empire State of Mind).

Ашер, Блек Кис, Херби Хенкок, Рутс и Ти-Бон Брунет сите однесоа по две Grammy награди.

Кети Пери, за жал, не освои никаква награда, а Ријана утешно си отиде дома со една награда, Најдобра денс песна за Only Girl (In The World).

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...