Wednesday, 16 April 2014 12:25 Фудбал

Германија | Агентот на Тони Крос вели дека ’Црвените Ѓаволи’ не доставиле понуда за неговиот клиент, и уште еднаш посочи дека играчот ќе остане на Алианц Арена најмалку до 2015...



По дуелот помеѓу Баерн и Манчестер Јунајтед одигран минатата недела во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, медиумите од ’Островото’ објавија дека потпретседателот на шампионот на Англија, Ед Вудворд ќе остане во Минхен на преговори за трансфер на Тони Крос.
 
Репрезентативецот на Германија е обврзан кон ’Баварците’ до 30. јуни 2015, преговорите за продолжување на соработката се блокирани, па ’Црвените Ѓаволи’ се одбидуваат да ја искористат ваквата ситуација и да стигнат до потписот на фудбалерот од средниот ред.
 
На почетокот од оваа недела се појавија стории кои велеа дека тимот од Олд Трафорд му понудил на Тони Крос фантастична неделна плата од 314 000 евра, односно скоро 16 милиони евра годишно, што е речиси четири пати повеќе од она што во моментов го заработува играчот.
 
Сепак, во разговор со Bild, агентот на фудбалерот рече дека на нивна адреса не пристигнала официјална понуда од Манчестер Јунајтед.
 
„Не сме добиле конкретна понуда” – вели Фолкер Штрут.
 
„Но нема потреба за доставување официјална понуда бидејќи Тони Крос ќе го носи дресот на Баерн најмалку до 2015”.
 
Генералниот извршен директор, Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Матијас Замер најавија дека ’ќе сториме се што можеме за да го задржиме Тони’, а Пеп Гвардиола истакна дека самиот играч одлучува за својата иднина.
 
„Се зависи од Тони, тој е млад човек, одлуката треба да ја донесе самиот тој” – рече вчера тренерот на Баерн.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...