ВИЦ

Во супермаркет минува Мујо покрај една згодна девојка:
- Извинете, ми се изгуби жена ми.
- Па каква врска има тоа со мене?
- Ајде да позборуваме малку. Обично веднаш се појавува штом и пријдам на некоја згодна женска.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 30 September 2014 12:45 Фудбал

Лига на Шампиони | Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан признава дека ќе биде тешко без Златан Ибрахимовиќ против Барселона, и побара целиот тим да го надополни отсуството на Швеѓанецот...



’Светците’ вчера соопштија дека Златан Ибрахимовиќ сеуште се мачи со повреда на петата, па нема да настапи против својот поранешен клуб Барселона во второто коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.
 
„Знав дека има добри шанси Ибра да не настапи, па со ова на ум се подготвуваме за дуелот против Барса” – рече Лоран Блан на вчерашната прес конференција. „Не тренираше денеска, па нема потреба да ризикуваме”.
 
„Ќе биде тешко без него, со Ибра во тимот работите секогаш се полесни. Сигурен сум дека со Ибра играме подобро, но против Барса ќе мора да настапиме без него”.
 
„Ќе треба да компензираме со одлични тимски перформанси”.
 
За дуелот со Барсeлона, Блан вели: „Тоа ќе биде несекојдневен натпревар, фантастична средба, за играчите, тренерите, медиумите и фановите... за сите оние кои го сакаат фудбалот”.
 
„Тешко е да се игра протв Барселона кога тие го имаат поседот на топката. Доколку не прикажме добри тимски перформанси, ќе биде многу тешко да обезбедиме добар резултат”.
 
„Мораме да бидеме поодлучни и поагресивни. Мораме на натпреварот да му пристапиме со верба дека можеме да победиме”.
 
Блан, кој во својата кариера една година го носеше дресот на ’Каталонците’, потоа додаде: „Барселона е еден од моите омилени клубови, особено поради нивната фудбалска филозофија”.
 
„Некои ја сакаат, некои не, јас лично ја обожавам”.
 
„Клубот забележа големи успеси, освои бројни трофеи изминативе десет години, но што е најважно, играше атрактивен фудбал и постигнуваше многу погодоци... Доминираа во Европа”.
 
„Не играв многу во Барселона, но горд сум што го носев дресот на ’Каталонците’”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...