Thursday, 29 January 2015 15:07 Фудбал

Италија | Мино Раиола вели дека Пол Погба нема уште долго време да го носи дресот на Јувентус, очекува Французинот ова или следното лето да направи мега трансфер...



Репрезентативецот на ’Триколорите’ пред неколку месеци стави потпис на нов договр и се обврза кон ’Старата Дама’ до 2019 но медиумите и понатаму продолжуваат да пишуваат за негово заиминување од Торино.
 
Во разговор со Gazzetta dello Sport, Мино Раиола признава дека трансфер на Пол Погба е само прашање на време и очекува на адреса на играчот да пристигнат понуди вредни 100 милиони евра.
 
„Погба е како Ван Гог, никој не ја знае неговата точна вредност” – вели Раиола. „Се зависи од тоа колку се длабоки џебовите на клубовите кои сакаат да го купат”.
 
„Каков треба да биде потегот на Јувентус? Како што велеше татко ми, подобро е да го продадете и да се каете отколку да не го продадете и да се каете”.
 
„Доколку Јуве го продаде Погба ќе има пари да изгради тим со кој ќе може да атакува на Лигата на Шампионите”.
 
„Доколку сака да го задржи, Јувентус треба да изгради силен тим и да му овозможи на Погба напредок, но нема да има пари за ова доколку не го продаде”.
 
„Одлуката за продолжување на договорот беше лесна. Ќе создадевме проблем за Јувентус доколку не ја продолжевме соработката”.
 
„Исто така сакам клубот што ќе го купи да верува во него и да го покаже тоа плаќајќи топ сума”.
 
„Доколку Пол замине од Јувентус, тоа ќе биде само за топ клуб. И доколку не направи трансфер оваа година, тогаш сигурно ќе направи следната”.
 
„Тој е единствената голема ѕвезда што ќе биде на трансфер пазарот по крајот на сезоната. Доколку не можете да ги купуте Роналдо, Меси и Ибрахимовиќ, ќе морате да се насочите кон Погба”.
 
„Неговата цена лесно може да скокне преку 100 милиони евра”.
 
Раиола исто така вели дека Пол Погба ќе има голем збор кога е во прашње следниот клуб.
 
„Мораме во предвид да го земеме интересот на играчот. Доколку Манчестер Сити понуди повеќе пари од Реал Мадрид а Погба преферира трансфер на Сантијаго Бернабеу тогаш јас треба да настапам на сцена и да влезам во војна со Јуве”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...