Wednesday, 25 February 2015 15:38 Фудбал

Англија | ФА ја намали суспензијата на Немања Матиќ од три на два натпревари, но ’Сините’ се фрустрирани и разочарани и од ваквата пресуда...



Репрезентативецот на Србија доби црвен картон на дуелот со Барнли, откако го турна на земја противничкиот играч Ешли Барнс.
 
Челзи веднаш достави жалба и застана зад Немања Матиќ, ’Сините’ посочија дека нивниот играч реагирал бурно само поради тоа што Ешли Барнс стартувал премногу опасно.
 
Независна Регулаторна Комисија при ФА вчера го разгледа целиот случај и реши делумно да ја прифати жалбата на Челзи.
 
Наместо редовната казна од три натпревари суспензија за недолично однесување, Немања Матиќ ќе паузира две средби.
 
’Сините’ веднаш изразија негодување, истакнаа дека се фрустрирани и разочарани од ваквата пресуда, и одново застанаа во одбрана на ставот дека Немања Матиќ не заслужува суспензија бидејќи само реагирал на старт кој можел да му ја заврши кариерата.
 
Фудбалерот од средниот ред веднаш ќе започне да ја одработува казната и ќе ја пропушти средбата со Тотенхем во финалето од Лига Купот, како и дуелот со Вест Хем во Премиерлигата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...