Tuesday, 06 October 2015 12:55 Фудбал

Италија | Репрезентативецот на Јапонија, Кеисуке Хонда вели дека Милан мора да инвестира огромна сума на пари доколку клубот одново сака да се врати помеѓу најдобрите во Италија...



’Росоњерите’ изминатиов викенд беа понижени од Наполи и поразени пред своите фанови со 4-0.
 
Милан имаше големи надежи за оваа сезона, но клубот од Сан Сиро веќе забележа четири порази во првите седум кола.
 
Големи критики на адреса на ’Црвено-црните’ пристигнуваат од сите страни, а своето незадоволство го изрази и репрезентативецот на Јапонија, Кеисуке Хонда.
 
29 годишниот плејмејкер вели дека Милан мора да инвестира огромна сума на пари, како што тоа го направија ПСЖ и Манчестер сити, доколку клубот одново сака да се врати помеѓу најдобрите од Италија.
 
„Проблемите на Милан се јасни, исти се како и секогаш” – вели Хонда.
 
„Доколку ништо не научиме од овој пораз, тоа значи дека сме далеку од реконструкција на овој клуб”.
 
„Судејќи според последните неколку години, сосема јасно е дека клубот не може да се врати на врвот без да биде инвестирана огромна сума на пари, како што тоа го прават ПСЖ и Манчестер сити”.
 
„Или ќе го направите тоа, или ќе треба да ја преиспита целата структура на клубот. Управата, тренерот и навивачите мораат да ја разберат ситуацијата”.
 
Тренерот Синиша Михајловиќ посочи дека треба да се работи на менталниот пристап на играчите, но Кеисуке Хонда не се сложува со ова.
 
„Не го разбирам ова, нема логика да се обвинуваат играчите”.
 
„Во последните неколку години, Милан ангажираше многу фудбалери, оваа година беа потрошени 100 милиони евра. Има многу репрезентативци, па прашањето е зошто тие не можат да одиграат на потребното ниво во дресот на Милан?”
 
„За да се промени клубот потребна е радикална промена во критериумите за проценка: оние на дикректорите, на тренерот, на навивачите и на медиумите”.
 
„Во спротивно, ќе ни бидат потребни 5 до 10 години. Знам дека ќе бидам критикуван поради овие коментари, но ова е важно за иднината на клубот”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...